18 Мај, 2024
0.0286

Мијалков бара антикорупционерите да му ги корегираат податоците за имотот

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Директорот на тајната полиција Сашо Мијалков побарал да се се ажурираат податоците од анкетниот лист. Управата за јавни приходи, според соопштението од Ѓорги Сламков, претседателот на државната Комисија за спречување на корупцијата,  ќе го проверува потеклото на имотот и на Мијалков, и на пратеничката Радмила Шеќеринска. Сламков вели, Комисијата работи неселективно и постапува еднакво кон сите граѓани. Во писмото кое Мијалков го прати до Државната комисија за спречување корупција, информира за промената на податоците за имотната состојба од анкетните листови. Мијалков смета дека имало неколку  пропусти. Освен што комисијата не го ажурирала податокот кој им го доставил уште во 2011 година за продажба на удел во фирмата во Прага, не бил внесен основачкиот влог во друга фирма во Чешка, но поради тоа што влогот не го надминувал законскиот лимит од 20 просечни плати над кој пријавувањето на имотот станува задолжително. Според Мијалков била направена грешка и во делот на податоците за семеен накит и уметнички слики каде, при префрлањето на сумите од евра во денари по грешка била ставена една нула. По ова се јави и СДСМ. Oд партијата велат дека Мијалков го признал тоа што го тврделe oд СДСМ. „После канонадата напади, навреди и закани, Сашо Мијалков мораше да признае дека постојат сериозни разлики од имотот што го поседува, до оној што го пријавил во неговиот анкетен лист. Сега на потег е Државната Комисија за спречување корупција да одлучи:  Дали ќе биде алиби и ќе се стави во улога на прикривач на имотната состојба и на Сашо Мијалков, или ќе го санкционира криењето на имотот на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање“, стои во партиската реакција. Проблемот се актуелизираше во јавноста откако пратеничката од СДСМ Радмила Шеќеринска запраша како е можно државен функционер за 5 години да се збогати за 1,6 милиони евра, а недоследности посочи таа има и во бројот на фирмите кои Мијалков ги наведува во анкетните листови. На ова со врати владејачката ВМРО ДПМНЕ, од каде прашуваа колку станови поседува Шеќеринска.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата