МИЦОТАКИС ЗА ДАТУМОТ: Три земји не се согласија
Објавено во: Македонија, Балкан 18 Октомври, 2019
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес-конференцијата во Брисел за резултатите од Самитот на ЕУ, изјави дека резултатот беше таков што не дозволи да донесат одлука и ова не е добро ни за Балканот ни за Грција.
Ова го кажа говорејќи за проширувањето на Унијата, односно како што рече за прашањето „за кое за жал не успеавме да се договориме”, jави дописничката на МИА од Атина.
„Не беше изводливо да се постигне едногласност. Три земји не се согласија, па така, резултатот не беше таков да ни дозволи да донесеме одлука. Сметам дека ова не е добро. И сметам дека не е добро и за општата стабилност на Балканот, бидејќи треба да се задржи отворена европската перспектива на Западен Балкан за да може да постои поголема стабилност и економски просперитет во регионот“, вели грчкиот премиер.
За него, ова не е добро ниту за Грција.