17 Мај, 2024
0.0399

Мицкоски: Не поднесувам оставка, оваа Влада ќе падне на граѓански протести

Објавено во: Македонија 31 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Организирани и масовни граѓански протести по кои ќе падне Владата, најави денеска на прес конференција Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека оваа Влада нема да го издржи целиот мандат и дека народот жестоко ќе го критикува Зоран Заев. Обвини дека е изведен, како што рече, најнечовечкиот поткуп на избори. Имаше порака и за неговите сопартијци кои се дел од Иницијативата за вонреден конгрес на партијата и негова смена. Рече дека нема да поднесува оставка и дека нема, како што вели, на таков начин да му помогне на Заев.

„Кадрите на новото владејачко мнозинство се транзициски и компромитирани. Настапуваат со истите ветувања коишто не ги исполниле во нивниот претходен мандат. Ова е почеток на крајот на СДСМ. Оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. Ова не е само моја битка, ова е битка на народот против неодговорната и криминална влада“, рече Мицкоски.

Рече дека има таканаречена „хотелска коалиција“. 

„Немам намера да си поднесам оставка за да им помогнам на оние кои му служат на Зоран Заев. Ќе се борам против нив. Зборуваат за вонреден конгрес, а до архивата на партијата немаат доставено Иницијатива за тоа. Затоа со сите кои оние кои прават криминал, а одработуваат оти потклекнале и станале најдобри другари со Заев нема да правам компромиси. Не правам компромиси со криминал и нема да им премолчиме. Се дури сум жив ќе се борам, рече Мицкоски.

Додаде дека нема да ја бојкотираат работата на Собранието и таму во Парламентот ќе се води битката со Заев и СДСМ. 

Денеска има извршен одбор на партијата за сите идни чекори. Мицкоски очекува тешка политичка есен.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8