09 Мај, 2024
0.0292

МЕТОДОЛОГИЈАТА ГО ТРАСИРА ПАТОТ КОН ЕУ: Ништо без владеење на правото

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Познато е кои ќе бидат условите за членство во Европската Унија. 

ЕУ ја објави новата методологија за преговори, а тие ќе почнуваат и завршуваат со владеење на правото.

Акцентот е ставен на кредибилност, предвидливост, динамичност и засилено политичко раководење. Документот предвидува запирање на преговорите, дури и нивно враќање назад ако некоја од кандидатките стагнира или назадува во реформите. Во методологијата се вградени и барањата на Франција. 

„По оваа методологија ќе следат ревидирани извештаи за Северна Македонија и Албанија, се надевам до крајот на месецов, и сега се трудиме да го забрзаме напредокот на овие две земји за да имаме одлука за почеток на преговори пред Самитот во Загреб во мај“, вели комесарот Оливер Вархеји. 

Методологијата треба да биде усвоена од европските лидери на првиот состанок на Европскиот совет годинава кој ќе се одржи на 26 март. 

Оваа методологија ќе важи за пристапниот процес за сите земји од регионот, освен за Србија и Црна Гора кои ќе можат да бираат дали преговорите ќе ги продложат по стариот или новиот модел.

Владата е задоволна од новата методологија за преговори со ЕУ. 

„Денеска е првиот ден кога процесот на враќање на кредибилитетот почнува силно и позитивно“, изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Трите главни политички партии во Европскиот парламент ја поздравија ревидираната методолодија. 

Центар левицата во Европскиот Парламент бараат поголем фокус во преговорите врз социјалната димензија и животната средина.

Европската народна партија се надева дека после ова конечно ќе можат да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Социјалдемократите предупредуваат дека новата методологија не смее да се користи како оправдување за дополнително одлагање на преговорите со двете земји.

Анкара пак побара од Европската унија да ја тргне „вештачката поделба“ меѓу Западен Балкан и Турција во политиката за проширување на ЕУ. 

Можеби ќе ве интересира

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“

АНАЛИЗА: КАКО СЕ СОЗДАДЕ РАЗЛИКА ОД БЕЗМАЛКУ 280 ИЛЈАДИ ГЛАСА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ - кои партии најмногу загубија од изборните математики

АНАЛИЗА: КАКО СЕ СОЗДАДЕ РАЗЛИКА ОД БЕЗМАЛКУ 280 ИЛЈАДИ ГЛАСА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ - кои партии најмногу загубија од изборните математики

„Откако народот избра друг да го краде, на политички план ќе биде исто“: Савески со остри критики кон двете поголеми политички партии

„Откако народот избра друг да го краде, на политички план ќе биде исто“: Савески со остри критики кон двете поголеми политички партии

Стојанче Ангелов: Победа за ДУИ во опозиција

Стојанче Ангелов: Победа за ДУИ во опозиција

СЕ ОГЛАСИ БОБАН КАРПЕЈОВСКИ ОД ЗНАМ: Направивме чудо, ќе бидеме поинакви и подобри од дргите

СЕ ОГЛАСИ БОБАН КАРПЕЈОВСКИ ОД ЗНАМ: Направивме чудо, ќе бидеме поинакви и подобри од дргите

СЕ РЕДАТ ОСТАВКИТЕ ВО СДСМ: И Тренчевска се повлекува од претседателското место на форумот на жени на партијата

СЕ РЕДАТ ОСТАВКИТЕ ВО СДСМ: И Тренчевска се повлекува од претседателското место на форумот на жени на партијата

КОЈА ПАРТИЈА КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ДОБИ ВО ИЗБОРНИТЕ ЕДИНИЦИ - ВМРО-ДПМНЕ најмногу води во Тројката: 14 спрема 4 со СДСМ

КОЈА ПАРТИЈА КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ДОБИ ВО ИЗБОРНИТЕ ЕДИНИЦИ - ВМРО-ДПМНЕ најмногу води во Тројката: 14 спрема 4 со СДСМ

Од Бугарија стигнаа првите пораки до ВМРО-ДПМНЕ: Ние не отстапуваме ни милиметар

Од Бугарија стигнаа првите пораки до ВМРО-ДПМНЕ: Ние не отстапуваме ни милиметар

„НА НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ИМ ТРЕБА НАДВОРЕШЕН НЕПРИЈАТЕЛ“: Најчевска со посебен осврт на собраниските избраници

„НА НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ИМ ТРЕБА НАДВОРЕШЕН НЕПРИЈАТЕЛ“: Најчевска со посебен осврт на собраниските избраници