МЕТЕОРОЛОЗИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: На Балканот му се заканува потоп напролет!
Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2017
Американската метеоролошка служба „Акуведер“ ја објави сезонската прогноза за Европа за пролетта која е пред нас.
Според оваа прогноза, студеното време ќе се задржи во следните неколку недели на подрачјето на северна и источна Европа.
Кога се работи за Балканот, не чека една просечна пролет, што се однесува до температурите. Почетокот на пролетта ќе го обележи нешто пониски температури од вообичаено, а до мај ќе биде промеливо времето-и топли и студени денови.
Топлиот воздух од Средоземјето ќе продира долж Балканот, но студениот воздух од северот на Европа ќе доведе до повремено заладување.
Метеоролозите предупредуваат на можна опасност од големи пролетни поплави, до кои би можело да дојде кога тргне топењето на снегот на планините.
„Оваа опасност ќе биде поголема ако топењето на снегот почне да се случува со бури проследени со обилни дождови“, заклучува „Акуведер“ .