18 Мај, 2024
0.0280

Места на кои никогаш нема да стапнете!

Објавено во: Стил 28 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Да, навистина на светот има места на кои што никогаш нема да стапнете, и не поради тоа што немате пари. Ова се едни од најстрого обезбедуваните објекти на планетата. До нив пристап имаат малкумина избрани, кои сигурно не можат да бидат наречени - обични луѓе. Видете ги трите вакви места на планетата. Зона 51 , САД Ова е воен полигон кој важи за најстрого чувана воена тајна и се наоѓа во Невада , на 90 километри од Лас Вегас . Долги години американските власти негирале дека има такво место , но во август оваа година од ЦИА беа обелоденети документи кои го докажуваат нејзиното постоење. Во близина на зоната пристапот е апсолутно забранет,  а насекаде се наоѓаат предупредувања дека ќе пукаат ако се доближите. Од оваа база ништо не се изнесува,  не се прават исклучоци дури ни за ѓубре или пошта. Вработените во неа се транспортираат со чартер авиони од Лас Вегас . Се проценува дека тие работат на дизајнот на нови летала . Menwith Hill, Велика Британија Тоа е базата на Кралските воздухопловни сили , која се наоѓа во Јоркшир . Се смета дека тука лежи најголемиот радарски систем на светот. Работата на специјалците во неа е да ги набљудуваат апаратите за истрелани борбени ракети од сите краеви на светот. Тие ја контролираат и работата на сателитите во вселената . Во базата соработуваат англиски и американски воени лица. Архивата на Ватикан , Ватикан Овде се наоѓа уникатната колекција од книги и историски документи. Ова е едно од најдобро обезбедуваните складишта во светот. Во папските архиви се чуваат тајни документи собрани со векови, од кои некои имаат голема вредност и сега. Минатата година за првпат на посебна изложба беа прикажани некои од нив .