Меркел притиска: Ги сакам Северна Македонија и Албанија во ЕУ
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2020
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека ќе изврши притисок пред самитот на ЕУ во март да започнат преговори за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија.
„Пред сè, сакаме да постигнеме договор со Европскиот совет во март за почеток на пристапните преговори со Албанија и исто така со Северна Македонија“, им рече канцеларката на новинарите во Берлин за време на нејзината средба со албанскиот премиер Еди Рама.
„Двете држави постигнаа многу“, рече Меркел. „Сега ќе работиме напорно за да ги постигнеме посакуваните резултати во март“.