15 Мај, 2024
0.0289

МЕПСО додели стипендии на четворица студенти на Техничкиот факултет во Битола

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2016

Добивај вести на Viber

 МЕПСО денеска додели договори за стипендии на четири студенти во трета година на Електротехничка насока при Техничкиот факултет при универзитетот „Свети Климент Охридски“. Добитници на стипендиите се студентите: Даниела Евтимовска, Ивана Велевска, Тамара Трајковска и Игор Стерјовски кои ги исполнија условите пропишани во огласот: просечна оценка од положени испити од најмалку 9,00 и да се запишани за прв пат во трета студиска година на електротехничката насока при Техничкиот факултет во Битола.

  Договорите за стипендирање на студентите во име на МЕПСО ги врачи Иван Коробар, шеф на Кабинет на генерален директор во МЕПСО кој во своето обраќање ги охрабри студентите да продолжат со истиот ангажман и посветеност во студирањето и додаде дека нивната работа се гледа и се вреднува. При тоа Коробар резимираше дека благодарејќи на кампањата на Владата за студирање на технички науки, бројот на запишани студенти на електроенергетските насоки постојано се зголемува од година во година. И дека во рамки на тој процес МЕПСО се приклучи и даде поддршка на иницијативата на раководството на Техничкиот факултет Битола и започна соработка со овој факултет. На почетокот на февруари годинава Техничкиот факултет од Битола и МЕПСО склучија Меморандум за соработка со кој ја продлабочуваат својата соработка на повеќе полиња. Со ова се создаде основа за долгорочна соработка во повеќе области од ко една е и процесот на стипендирање на студенти на Електротехнички отсек на Техничкиот факултет при универзитот „Свети Климент Охридски“ во Битола.

Во своето обраќање Миле Спировски, професор на Електротехничкиот отсек при факултетот ги поттикна сите студенти и натаму да го докажуваат нивниот квалитет со што заедно ќе го оправдаат епитетот на лидер на електротехничкиот отсек во академската фела. - Матурантите т.е. сите идни студенти ги бодрам да студираат на нашиот – на Техничкиот факултет и со тоа да бидат дел од најдобрите. Воедно се заблагодарувам на АД МЕПСО за соработката која се надевам во иднина ќе ја прошируваме, рече Спировски.

МЕПСО во рамки на својата платформа за општествена одговорност и досега во рамки на можностите стипендира студенти на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Таму стипендии доделува од 2012 година и досега има 19 стипендисти. По доделувањето на стипендии на студентитите на Техничкиот факултет Битола вкупниот број на стипендисти на МЕПСО, ќе се зголеми на 23 лица, истакна Коробар во своето обраќање пред присутните.

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година