19 Мај, 2024
0.0299

Mенувам стан за куќа – дали ваквите понуди се реализираат?

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

На интернет има многу огласи за замена на стан за куќа или обратно, замена на куќа во Охрид за куќа или стан во Скопје, замена на стара куќа за викендичка.

Некои од граѓаните кои живеат во внатрешноста на Македонија, го нудат својот недвижен имот, во замена за имот во главниот град. Но, истите велат дека тешко се реализира замена на имот, затоа што и цените на квадрат драстично се разликуваат во Скопје и во малите места.  Многу е тешко да се постигне договор, кој ќе им одговара на двете страни.

„Сум слушнала дека луѓето успеваат да направат замена, но јас не успеав затоа што за куќата немаше адекватна замена, едноставно се нудеа големи станови за кои требаше доплата, и не ми се исплатеше“, раскажува Софија од внатрешноста на Македонија.

Тешко оди продажба и замена на имоти во малите места во земјава.

„Јас продавав куќа во Крушево, и немаше некој конкретен предлог за замена. Друга работа, луѓето бараат ист квалитет на градба во Скопје и Крушево, а тоа го нема. Се распрашуваа за начин на греење, дали има парно. Куќата во Крушево ако чини 20.000 евра, во Скопје за тие пари можете да купите една соба, и е потребна доплата, која е голема. Мислам дека од 100 понуди за замена, можеби 5 ќе се реализираат, но сметам дека е полесно тоа да се направи со имоти во Скопје и Охрид, затоа што во  двата града недвижнините се со високи цени“, вели скопјанец кој поседува имот во Крушево.

Има луѓе чии огласи за продажба уште се активни и се надеваат дека ќе се договорат за замена.

„Се јавуваат луѓето, прашуваат, но зависи кој какви потреби има и секој си прави математика“, додава велешанец.

Но, на жител на Неготино му успеало за кратко време да се пресели од стан во куќа на овој начин. 

„Мене ми успеа за кратко време, за неколку дена, така што заменив стан за куќа со доплата и сега живеам во истата општина. Луѓето дојдоа, видоа и се договоривме“, раскажува неготинчанец.

Од aгенцијата Импулс недвижности од Скопје велат дека желба и интерес има за замена, но тоа во пракса е многу тешко да се оствари.

„Јас работам од 1995 година, и луѓето најчесто сакаат да продадат еден голем стан скапо, за да земат два помали стана евтино, но тоа е многу тешко. Замената обично е невозможна мисија“, додаваат од Импулс недвижности.

Оттаму објаснуваат дека замената на имоти како опција е останата од времето на социјализмот кога поинаку се живеело, но и тогаш не било лесно истото да се договори.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“