17 Мај, 2024
0.0259

Мемов им одговорил на ВМРО-ДПМНЕ уште пред пет дена

Објавено во: Финансии 29 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Никола Мемов, член на СДСМ, веќе дал свој коментар на социјалните мрежи за денешното обвинение од страна на  ВМРО-ДПМНЕ, партијата која претпоставува дека бил ангажиран од претпријатие за истото да добие грант за проект од Фондот за иновации и техноошки развој.

„Денес јавно сакаме да поставиме неколку прашања за уште едно скандалозно доделување на пари од еден од 79те проекти што ги додели Фондот за криминални иновации.
Изминативе денови од медиумите го запознавме лицето Никола Мемов, кој што инаку е долгогодишен член на СДСМ, кој на социјалните мрежи може да го видите со еден куп слики со раководството на СДСМ, како јавно се фали дека негов проект е еден од наградените проекти“, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Мемов пред пет дена на Фејсбук и одговори на новинарката Јорданка Ивановска - Јоци дека тој е 25 години чен, а во претпријатието кое добило неповратни средства бил консултант, но не и сопственик.

„Точно е дека јас работев на изготвувањето на проектната документација на еден од проектите добитници на грант.
Компанијата што го доби проектот не е во моја сопственост, ниту пак јас сум вработен во истата.
Се работи за консултантски ангажман за изготвување на проектната документација и ангажман при имплементацијата.
Апсолутно немам никаква заедничка точка на поврзаност ниту пак конфликт на интерес 
Што се однесува до мојот партиски ангажман кој е околу 25 години, тој е континуиран во целиот овој период (впрочем ние лично се познаваме од тој период) и апсолутно нема никаква врска со мојата професионална кариера“, гласеше одговорот на Мемов.

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници