18 Мај, 2024
0.1314

МЕМО ПРЕЗЕМА ДЕЛ ОД НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА - се менува Законот за енергетска ефикасност

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Префрлање на дел од обврските и одговорностите од Агенцијата за енергетика на МЕМО, продолжување на рокот за важење на лиценците на енергетските контролори, се дел од измените планирани во новиот Закон за енергетска ефикасност. Првиот закон беше усвоен од Собранието во февруари 2020 година и со него се уредени гаранциите за потекло на електрична енергија поврзани со енергетската ефикасност, каде што како надлежна институција за администрирање на гаранциите за потекло е Агенцијата за енергетика. Поради направените измени во Законот за енергетика каде се предлага надлежностите за администрирање (издавање, пренесување, укинување, поништување и признавање) на гаранциите за потекло и водење на регистар на гаранции за потекло да се доделат на МЕМО ДООЕЛ Скопје, потребно е да се направи усогласување меѓу двата закона.

-  Енергетските контроли и постапките за стекнување на физичките лица со Овластување за вршење на енергетски контроли и правните лица со Лиценци за вршење на енергетски контроли беа регулирани со Законот за енергетика и Правилникот за енергетска контрола. Во Законот има одредби за овластените енергетски контролори и лиценцирани правни лица за вршење на  енергетски контроли кои имаат важечко овластување, односно лиценца, која со донесување на Законот за енергетска ефикасност престана да важи. Надлежностите за администрање на гаранциите за потекло на електричната енергија произведена од високо ефикасни постројки и водењето на регистерот на издадени, пренесени и одземени постројки да го води Агенцијата за енергетика. Со новите измени се предлага севкупното администрирање на гаранциите за потекло на електричната енергија да биде во надлежност на МЕМО ДООЕЛ Скопје, наместо Агенцијата – се укажува во законот.

Исто така, во Законот е предвидено дека Министерството за економија ги спроведува испитите и издава овластувања за енергетски контролори на големите трговци, односно енергетските контролори на згради. Испитот за енергетските контролори за големите трговци, како и испитот за енергетски контролори на згради се состои од писмен и практичен дел кој се полага пред комисија формирана од Министерот.

Во Законот за комисијата надлежна за контрола на испитот не е предвиден надоместок за нејзината работа иако кандидатите плаќаат надоместок при упис на обуката и полагање на иститот на големите трговци, односно полагање на испитот за енергетски контролор на згради. Дополнително, предвиден е преодниот режим на важење на издадените овластувања за вршење на енергетска контрола и издадените лиценци за вршење на енергетска контрола. Имено, физичко лице кои согласно одредбите од Законот за енергетика се имаа стекнато со овластување издадено од Министерството за економија за вршење на енергетска контрола до донесување на новите подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за енергетска ефикасност продолжуваат да вршат енергетска контрола односно да издаваат сертификати за енергетските карактиристики на згради. Истото се однесува и на фирмите кои поседуваат лиценца за вршење на енергетска контрола – се појаснува во законското решение.

Едновремено со Законот се уредени одредби за донесување на подзаконските акти во делот за згради кои произлегуваат од истиот закон и тоа 5 правилници, како Правилник за енергетски карактеристики на згради, Правилник за енергетска контрола на згради, Тарифник за висината на надоместокот за вршење на енергетска контрола на згради, Програма за обука и усовршување на енергетски  контролори на згради и Правилник за постапките за воспоставување и функционирање на системот за верификација, како и начинот на водење на регистарот на сертификатите за енергетски карактеристики на зградите. Работата на овој пакет подзаконски акти е отпочната со техничка помош од ЕБОР.

-  Од суштинско значење е да се направи усогласување на Законот за енергетска ефикасност со Законот за енергетика. Потребно е да се направи промена на правниот субјект кој е одговорен за администрирање на гаранциите за потекло и водење на регистар на гаранции за потекло во член 25 од Законот на енергетска ефикасност, со цел да се има правна усогласеност за надлежностите помеѓу законите. Потребно е дополнување на Законот за енергетска ефикасност со што ќе се овозможи на комисијата за спроведување на испитот за енергетски контролори на големите трговци и комисијата за спроведување на испитот за енергетски контролори на згради да можат да остваруваат надоместок за извршената работа со цел стимулација за одговорно и ефикасно извршување на задачата, со што ќе се обезбеди квалитетно и објективно оценување на кандидатите – се појаснува во предолог законот за измени на Законот за енергетска ефикасност кој е во собрание.

Меѓу другото, нагласено е дека „надоместокот за полагање на испитите за енергетски контроли претставуваат приходи на Министерството за економија“. Исто така, потребно е во најбрз можен рок да се направат законски измени во поглед на продолжување на роковите во Законот со цел да не настане правен вакум кога овластените енергетски контролори и лиценцирани правни лица за вршење на енергетски контроли нема да поседуваат овластување односно лиценца, како препознаен правен акт во правниот промет за вршење на енергетски контроли во зградите.

Се предлага рокот на издадените овластување за вршење на енергетска контрола и издадените лиценци за вршење на енергетска контрола да се продолжи до 31 март 2024 година, имајќи предвид дека по донесување на овој пакет подзаконски акти, потребно е да следат низа активности, односно лицата кои веќе поседуваат овластување да посетат обука за усовршување и да се стекнат со овластување за вршење на енергетска контрола според новиот закон. Едновремено по донесување на Програмата за обука и усовршување на енергетски контролори на згради ќе отпочне во целост да функционира Законот за енергетска ефикасност во делот на зградите, во согласност со барањата од Директивата за енергетски карактеристики на згради – се потенцира во законските измени.  П.О. 

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа