18 Мај, 2024
0.0297

МЕКЕЈН ЈА ЗАОБИКОЛИ МАКЕДОНИЈА: Пратена е силна порака!

Објавено во: Македонија 12 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија е единствена земја од Западен Балкан која не е дел од турнејата на американскиот сенатор Џон Мекејн. Тоа што овој влијателен американски републиканец, претходно кандидат за претседател на САД, ја заобиколува Македонија, е силна дипломатска порака, оценуваат аналитичарите.

Русија отвора нов фронт на Балканот

„Речиси со сигурност може да се претпостави дека советот кој го добил сенаторот е да ја заобиколи Македонија во која внатрешно-политичката ситуација не е решена онака како што практикуваат демократскоте земји како што се САД-вели професорот Денко Малески, екс министер за надворешни работи.

Таму и кога не е по волја на гарнитурата која победи на изборите, примопредавањето се врши пристојно и цивилизирано, и се преземаат обврски кои произвлегуваат од демократскиот процес во цел тоа да се направи на достоинствен начин.

„Тоа кај нас не е направено, што ја дисквалификува сегашната гарнитура која го спречува демократскиот процес, за да биде соговорник на истакнати личности од демократскиот свет и мислам дека тоа е суштината на проблемите зошто овој сенатор, кој има силна порака на надворешната политика на САД, нема да дојде во Македонија , наведува Малески.

Професорот Мерсел Биљали пак вели дека тоа што Мекејн не доаѓа во Македонија е силна дипломатска порака дека нешто не е во ред со оваа земја.

„Единствено не посетуваат оние дипломати кои треба да не потсетат да ги извршуваме своите обврски. Тоа ниво на американски дипломати се однесува на државите во кои работите се однесуваат релативно нормално, а ние сме далеку од нормалното. Сепак, мислам дека Американците се загрижени поради нашата состојба и верувам дека наскоро ќе се вклучат во решавање на проблемите, истакнува Биљали.

Во меѓувреме, американскиот дипломат и експерт за Балканот Јануш Бугајски во својата последна анализа пишува за зголеменото влијание на Русија на регионот.

Според негово мислење, Москва отвара нов фронт на Балканот со цел да ја влоши политичката криза во Македонија.

„Целта не е само да се намалат шансите за влез во Македонија во НАТО и ЕУ, туку Балканот да се доведе во состојба на конфликт што би илустрирало слабост на Западот а зголемило влијание на Русија“, смета Бугајски.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада