Мекафи: За 5 години половина планета ќе користи криптовалути
Објавено во: Финансии 30 Јануари, 2018
Џејмс Мекафи, познатиот експерт за сајбер безбедност и ексцентричен плејбој милионер, тврди дека за 5 години половина од светската популација ќе користи криптовалути како редовно платежно средство. Тој имаше и многу смела прогноза дека биткоинот ќе достигне вредност од 500 илјади долари во наредните три години, а ако не биде така ќе си го изгризал пенисот пред јавноста на телевизија.
„Ви ветувам дека за 5 години половина од планетата ќе користи криптовалути, а останатата половина која нема да ги користи најверојатно нема интернет и нема смартфон“ истакна Мекафи за Russia Today.
Мекафи е еден од главните поборници за развој на блокчејн технологијата која овозможува преку групна акција на корисници да се создадат криптовалути со висок степен на безбедност, анонимност и речиси никаква регулација или надзор од страна на владите и големите банки.
Според идеалните замисли со криптовалутите целосно би се ослободил пазарот на капитал, но постојат и многу ризици за кои Мекафи баш и не сака да говори.