fake panerai watches Меѓународниот ден на задруги се одбележува денеска
02 Мај, 2024
0.0257

Меѓународниот ден на задруги се одбележува денеска

Објавено во: Економија 05 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го одбележува Меѓународен ден на задруги. На настанот е предвидено да се обрати заменик-министерот Зоран Коњановски.

Македонија е прва земја во регионот која донесе посебен Закон за земјоделски задруги и целосно ги измени и комплетира потребните правилници за негово полесно спроведување.

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, интересот за здружување на земјоделците е се поголем. Тие веќе ги препознаваат придобивките од заедничкото дејствување.

„Одговорот за силен, моќен земјоделец е во задругарството, во овој правец треба да се движи македонскиот аграр. Поголемо и поквалитетно производство, сигурен пласман, повисока поддршка од државата и поголем профит, се само некои од придобивките на кооперативното здружување, е ставот на Министерството.

Светот го одбележува Меѓународниот ден на задругарството, воспоставен од ОН како првата сабота од јули. Целта е подигнување на свеста кај производителите за кооперативно работење и јакнење на партнерството меѓу интернационалните задругарски движења и други организации, како и влади кои го поддржуваат ваквиот начин на функционирање во аграрот.

Меѓународен ден потсетува што задругите треба да сторат во насока на јакнење на светската економија и социјалниот развој.

По повод Денот, Меѓународната алијанса на задруги секоја година испраќа соодветна порака.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?