17 Мај, 2024
0.0278

Медведев: Русија има начин како да се избори со кризата на рубљата!

Објавено во: Свет 17 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Русија има монетарни ресурси и потребни економски инструменти да се избори со најголемата монетарна криза во земјата, рекол денеска рускиот премиер Димитриј Медведев.

„Рубљата не можеше да не реагира на санкциите, но курсот сепак не ја одразува вистинската слика. Тој отиде надвор од границите удобни за економијата“, рекол премиерот  на состанокот со економскиот блок на владата, претседателот на Централната банка и раководителите на најголемите компании.

Според неговите зборови, постојат две основни причини поради падот на курсот на рубљата кои не зависат од Русија - намалувањето на цената на нафтата и надворешно-политичките притисоци во вид на санкции, пренесеува руската агенција.

„Досегашните финансиски пазари за нашите банки и нашите компании буквално се затворени. Секако, рубљата не можеше да реагира на тоа, но цифрите кои ги гледаме во менувачниците во последните неколку дена не одговараат на објективната слика и неоснова отишле надвор од границите удобни за економијата и граѓаните“, рекол Медведев.

„Сите се согласуваат дека рубљата денеска е потценетам курсот се оддалечи од фундаменталните показатели и не ја одржува состојбата во економијата“, додал тој.

Според мислењето на Медведев, она што сега се случува на девизниот пазар е „игра на емоции“, но секако е неопходно што порано да се стабилизира ситуацијата.

Медведев смета дека нема смисла да се воведуваат остри мерки за регулирање на пазарот, тоа треба да се направи врз основа на пазарни мерки. Потребните ресурси и инструменти постојат.

Рускиот премиер потсетил дека вчера е оддржано советување за финансиско-економската состојба на кое се донесени низа задолжителни одлуки, вклучувајќи и зголемување на девизното рефинансирање на банките, обезбедување на рамнотежа помеѓу понудата и пазарот преку подигање на девизна ликвидност од страна на Централната банка.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра