02 Мај, 2024
0.0258

Медитеранска исхрана – за долг и здрав живот!

Објавено во: Стил 18 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Медитеранската исхрана денес е модел кој Светската Здравствена Организација ја препорачува на сите оние кои сакаат добра и здрава храна за долг и здрав живот.

Стручњаците советуваат дека за зачувување на здравјето секојдневно во исхраната треба да користиме маслиново масло, варен зеленчук со лук, и два до три пати неделно риба. Наместо сол треба да се користат билни зачини, кои освен што корисно ќе влијаат на вашето здравје ќе ви го донесат и мирисот на Медитеранот.

Чаша црно вино дневно со оброкот ќе направи чудо за вас и вашето срце.

Смртноста од болестите на кардиоваскуларниот систем во Јужна Европа е за 2-3 пати помала отколку во останатиот дел, а тоа е последица на помалото консумирање на црвено месо, а спротивно од тоа повеќе риба, секојдневна употреба на црно вино и користење на маслиново масло.