18 Мај, 2024
0.0317

Медицинските сестри поднеле барања за отказ поради кавга на Инфективна клиника

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Комуникацијата со повисок тон резултирала со барањата за отказ од страна на Зорица Љубичиќ, Силвана Рогиќ, Дивна Бојчевска, трите медицински сестри од Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека потполно ги разбира, особено поради фактот дека од почетокот на епидемијата со корона кризата во Македонија тие се во првите редови и се целосно иосцрпени.

-Од почетокот на оваа криза, здравствените работници, сите и доктори и сестри, лаборанти, техничари покажаа што значи да се има капацитет, добро да се менаџира ваква криза, каква што никоја земја не ја очекуваше. Ваква криза на површина вади многу проблеми, и со тоа се соочивме од почетокот на кризата. Свесен сум дека работат под притисок, дел од нив се исцрпени, често работат во 24 часа, и една стресна ситуација доведува некогаш и до немили ситуации како што бил случајот сега, комуникација на повисок тон. И утрово ми кажаа дека сега апслоутно сите жалат. Ќе направам се да не дозволам кој било од јавното здравство да замине поради проблем кој може да менаџира. Се сложија дека ќе го искористат одморот, а потоа ќе се договориме за начинот на кој ќе бидат вклучени во битката со коронавирусот, рече министеротФилипче.

Тој најави дека попладнево лично ќе отиде Инфективната клиника за да разговара со нивните колеги и раководните лица.

Инаку, неофицијано на Клиниката за инфективни болести уште од почетокот на епидемијата има извесни искричења меѓу дел од вреаботените и раководството. 

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци