Маж од Тирана загина во Алепо
Објавено во: Балкан 16 Декември, 2016
Во градот Алепо во Сирија загина уште еден државјанин на Албанија, објавија денеска албанските медиуми.
Хамит Муслија(44) од Тирана загина во борбите во Сирија.
Муслија на исламистичките борци во Сирија им се придружил во јануари пред три години, а за патување добил виза од Амбасадата на Саудиска Арабија.
На сириското боиште заминал заедно со уште тројца млади Албанци, поттикнати од сега осудениот самопрогласен имам Генц Бала.
Сопругата Вебије, заедно со четирите деца, му се придружила во средината на јули 2013 година и не се вратила во Албанија.
Името на Хамит Мусија првпат јавно беше споменато во текот на истрагата против деветмината имами-исламисти на кои неодамна им беше потврдена затворската казна од 109 години вкупно.