18 Мај, 2024
0.0271

Маврово одбројува!!!Започнува вториот Еко Грин Фестивал!

Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Маврово одбројува! Од стартот на второто издание на Еко Грин Фестивалот не делат само неколку часа. Веќе се е подготвено! Најголемата бина, што некогаш била поставена кај нас на планина, е подготвена за стартот на овогодинешното фестивалско издание и првите изведувачи; кампот е поставен и е во исчекување на првите кампери, секој момент во прекрасното Маврово треба да пристигне и ѕвездата на првата фестивалска вечер, феноменалниот Бајага кој доаѓа заедно со своите Инструктори. Музичкиот дел, се разбира, пред на бината да застанат ѕвездите на вечерта ќе стартува со настапите на неколку локални бендови, музичари и културно уметнички друштва од Маврово и Ростуше. Веќе во 21 часот ќе свират членовите на Ареа, а публиката ќе ја загрее План Г. Шлаг на вечерта ќе бидат мегапопуларните Бајага и Инструктори. Првата фестивалска вечер ќе заврши со настапот на диџеј Зомакс. Веќе утревечер, сабота, присутните за почеток ќе уживаат во сетовите на диџеите од Антена радио, а потоа забавата ќе продолжи со Грамофонџије, Бед копи и Гоце Саф. Освен во одличната музичка програма присутните во Маврово ќе имаат можност да уживаат и да ги вкусат и традиционално приготвенити пити и млечни производи од Mавровско - Реканскиот крај, потоа да заминат групно планинарење на турата Маврово-Чавкарник-Маврово. Закажани се и натпревари во лов на ситна риба на пливка на Мавровското Eзеро кај потопената црква, потоа натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва... Ќе има натпревари и за најмладите, односно дечињата под 7 години ќе ги покажат своите вештини во возење велосипед и други слични интересни активности и натпревари. Во текот на утрешниот ден се закажани и настапи на свирачи на зурли и тапани, потоа на гајдаџии и кавалџии, а за сите гурмани од 16 часот е закажана дегустација на традиционално приготвените качамак и млечни производи од Mавровско - Реканскиот крај. Како и изминатата година, традицијата продолжува, што значи дека во неделното утро се организира заедничко чистење на локацијата и околината од отпадоци и смет. Исто така, во недела е закажана и планинарската тура Никифорово-Сандакташ-Никифорово, како и кружната ревијална велосипедска тура околу Мавровското Езеро со чистење на брегот на Мавровското Езеро. И уште едно потсетување - влезот на фестивалските вечери е бесплатен, а истото важи и за камп-зоната, која годинава ќе биде позиционирана на тревникот пред скијачките терени.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата