27 Април, 2024
0.0283

Матеја Вршка: Младите се способни за носење решениja, но им треба едукација

Објавено во: Македонија, Интервјуа 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Дел од причините поради кои младите од Македонија и воопшто од Западен Балкан се иселуваат се лошите политички и општествени услови, а не само пониските плати и ограничените можности за финансиски успех. Корупцијата, партизираноста на институциите, носењето одлуки без вклученост на младите за прашања кои нив директно ги засегаат се големи проблеми кои секоја одговорна власт, но и општествена заедница мора да ги реши со цел да ги задржи младите во земјата. За овие проблеми разговаравме со Матеја Вршка од Детскиот центар Зајачар, организација која се труди да го зголеми младинското учество и да го подигне степенот на едукација.

Фактор: Со што се занимава организацијата Детски центар Зајачар од Србија и како влијаете на подобрување на вклученоста на младите во надзор и контрола над институциите и начинот на кој носат одлуки. Каков е проблемот со корупција во Србија вклучувајќи и на локално ниво?

Вршка: Ние имавме задача како Детски центар Зајачар преку Action SEE проектот да водиме кампања против корупција преку видео спотови во кои учесниците одговараа на најважните прашања поврзани со корупцијата, а организиравме и дебати за тоа кој е најдобар начин да се спречи корупцијата и каква е улогата на медиумите. Ние преземавме и чекори за едукација пред се на младите за да ја подигнеме свеста за проблемот со корупцијата и како сите ние како поединци имаме влијание. Во нашата култура веќе може да се каже дека корупцијата е се присутна и речиси прифатена како нешто вообичаено во општеството. Ние сакавме да изградиме еден морален интегритет кај младите за спречување на корупцијата и колку секоја одлука може да влијае негативно во општеството доколку е погрешна и се прифати ваквиот начин на однесување.

Фактор: Што мислат младите во Србија за процесот на носење одлуки почнувајќи од самите општини па натаму и во останатите институции. Има ли подготвеност на младите за учество во процесите на креирање на одлуки и што е потребно за тие да се вклучат, имаат ли простор за проактивна улога?

Вршка: Проблемот кај нас е пред се во перцепцијата за младите за кои се смета дека се незаинтересирани и неспособни да бидат дел од самите процеси. Сепак, тоа што вистински недостасува е соодветно образование. Кога младите ќе станат полнолетни треба да преземат активна улога, да носат одлуки, да гласаат и да бидат дел од решението на социјалните проблеми, но им недостасува соодветна едукација. Затоа треба да се развиваат општествени вештини за младите  за тие од самиот старт да се вклучат во решавање на проблемите.

Фактор: Имате ли контакти со младите од Македонија, согледувате ли кои се проблемите и кои може да бидат решенијата со оглед на тоа што проблемите на Балканот се слични од држава до држава?

Вршка: Ние како Детски центар Зајачар организираме меѓународен фестивал на инклузивност при што соработуваме со многу организации од Македонија. Решенијата се многу тешки и сложено е да се дојде до нив. За жал проблемите на локално, социјално и државно ниво се слични во земјите од Балканот и со споделување на нашите искуства со контакти помеѓу младите можеме да понудиме опции за тоа што може да се промени.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“