18 Мај, 2024
0.0381

Маркет операторите на Балканот работат на усогласување на механизмите за балансна одговорност

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Оператори на пазар на електрична енегија од пет држави од балканскиот регион  разменија искуства за практиките за утврдување на балансна одговорност на учесниците на пазарот за електрична енергија. Сите учесници ја потенцираа потребата од постоење на заеднички пазар на електрична енергија за балансна енергија, е заклучок од работната средба што се одржа овие два дена во Скопје во организација на Енергетската заедница, чиј домаќин беше Операторот на пазар на електрична енергија што работи во состав на МЕПСО. На дводневниот состанок учествуваа претставници на маркет-операторите на Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија.

Претставници на маркет операторите од државите од нашиот регион разменија искуства за: легислативата, балансната одговорност на учесниците на пазарите за балансна енергија, методите за пресметки на дебаланси, утврдување на цените за дебаланси, финансиските порамнувања, пресметките и други теми поврзани со оваа материја.

На дводневниот состанок со презентации за нивоата и активностите за утврдување на балансна одговорност на учесниците на пазарот за електрична енергија се претставија маркет-операторите на Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора и на Косово, а своја презентација имаше и претставник на Енергетската заедница.

Енергегетската заедница е интернационална организација за енергетски политики со седиште во Виена, Австрија. Нејзини членки се државите од Европска унија од една страна и Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија се договорни страни.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата