18 Мај, 2024
0.1506

“Маркарт” официјално гo отвори најновиот производствен погон во Велес

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Денеска германската компанија “Маркард”, гигант во автомобилската индустрија, во присуство на сопственикот на компанијата, неговото семејство и блиски соработници, заедно со Премиерот Никола Груевски, министерот Веле Самак, задолжен за привлекување на странски инвестиции и други високи владини претставници, официјално ги отвори вратите на новата фабрика во с. Караслари, Велес.

Marquardt 3

Во март 2013 година, по неколкумесечни преговори со министерот Самак и со голема посветеност и поддршка од сите релевантни акционери, менаџментот на компанијата испрати писмо со намера, до Владата на Република Македонија, каде што ја потврди својата одлука да инвестира во Македонија. Особено важно е што оваа инвестиција е во машини и капитал кои обезбедуваат ново знаење и учење на висок квалитет и продуктивност.

Marquardt 1

Со околу 75 милиони евра годишни количини на високо технолошки и автомобилски производи, Македонија и Велес стануваат места кои нудат перспектива за мултинационалните компании. Фабриката се простира на 40.000 метри квадратни и во моментов брои 120 вработени, а до крајот на 2016 година тие ќе бидат 400. До крајот на 2017 година, Маркард Македонија ќе има околу 600 вработени.

 Како дојде до изборот на Вашата прекрасна земја Македонија? Пред неколку години беше стратешки видено дека покрај  нашите постоечки локации друга европска локација ќе треба да го обезбеди нашиот раст. Почнавме да избираме различни земји, најмногу од Југоисточна Европа и да ги селектираме според дефинирани критериуми. Ова беше, исто така, времето кога за првпат стапивме во контакт со министерот Самак, на негова иницијатива. Тој не „откри“ и лично можам да ви кажам дека бев исклучително импресиониран од тоа колку добро претходно го анализирaл Маркард и што се знаешњ за нас.  Мора да признаеме "нивната" земја Македонија не беше сосема горе на листата на приоритетите додека не се појави министерот, после што таа стана „привлечна“!изјави сопственикот на компанијатаизјави Д-р Харалд Маркард.

 Marquardt 4

Според својот бизнис план Маркарт Македонија ќе инвестира над 35 милиони евра за реализација на инвестициониот проект. Оваа инвестиција е важна од многу аспекти, покрај големиот број на ваботувања кои ќе обезбедат светла иднина за над 500 семејства во Велес, оваа инвестиција ќе го стави градот Велес и на мапата на врвни компании од Германија и многу други држави кои соработуваат со Маркарт. Компанијата е извозно ориентирани и ќе даде свој придонес во македонскиот извоз во Европа и светот.

 Многу сме горди што имаме вакво модерно производсто во Велес, особено што вклучува повеќе различни лини со високи технологии кои бараат врвно ниво на знаење. Фабриката на Маркардт е една од низа фабрики кои во наредните години ќе го освежуваат индустриското знаење низ Македонија и ќе овозможат модерна иднина за граѓаните,” изјави Министерот Самак. 

 Marquardt

Маркарт групацијата која е основана во 1925та, е водечки светски производител на електромеханички и електронски додатоци и системи за автомобили, електричен алат, апарати за домаќинство и други индустриски апликации. Компанијата на пазарот во 2013 година ја зацврсти својата улога како водечки глобален иноватор со производствени погони во Европа, Африка, Азија и Америка, вработувајќи повеќе од 6.500 луѓе и беше во можост да генерира зголемен раст на продажбата со повеќе од 700 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа