18 Мај, 2024
0.0315

Марио Деус, ладнокрвниот убиец на своите деца и натаму е почесен конзул на Македонија

Објавено во: Македонија 13 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Марио Деус, осомничен за убиство на своите две деца, и натаму е почесен конзул на Македонија во Барселона. Неговото име се уште стои на официјалната интернет страна на Министерството за надворешни работи. МНР чека официјална потврда за злосторството кое го сторил Марио Деус.

Во меѓувреме во Јужна Африка, во Кејп Таун, се одржа првото судско рочиште на кое обвинителот изнесе детали од досегашната истрага на полицијата. Осомничениот татко за чедоморство на тригодишните близнаци не се појави во судот, затоа што по настанот тој се обидел да се убие во затворската ќелија.

Според информациите на обвинителот, Бенито Адонис, Марио Деус ја повикал неговата поранешна сопруга и мајка на неговите деца во изнајмената вила во Хаут Беј во Јужна Африка. И тогаш ладнокрвно и соопштил дека ги убил близнаците и и се заканил дека и неа ќе ја убие.

48-годишниот стоматолог од Барселона, ја изнајмил куќата на три недели за да го посети 7-годишниот син и близнаците Максимо и Октавија. Тој ноќта пред убиството требало да се врати назад во Шпанија.

Но, наместо тоа, Деус и испратил порака на поранешната жена, Јулија Енгелхорн, и ја поканил да дојде кај него на ручек, соопшти обвинителот. Кога таа пристигнала во куќата Деус и кажал дека ги убил близнаците.

„Таа станала, отишла во спалната и ги видела убиените близнаци. Третото дете се уште било во училиште. Деус имал нож и и се заканил дека ќе ја убие и нејзе“, изјави во судот обвинителот Адонис.

Мајката на децата успеала да му избега и веднаш ја информирала полицијата. Истовремено се јавила и во училиштето во кое бил постариот син, за да алармира дека не смее да му го дадат детето на бившиот сопруг ако тој се појави во училиштето.

Таткото убиец уапсен е истиот ден на пат кон Кејп Таун.

Адвокатот на осомничениот изјави дека неговиот клиент претходно не бил осудуван и нема сторено никакви кривични дела. Тој додаде дека Деус има сериозни повреди на стомакот, висок притисок и е дезориентиран.

Врз Деус е извршено психијатриско вештачење и се очекува прелиминарниот извештај.

„Тој е во многу лоша емоционална состојба и ова е нешто што треба да се нагласи“, рече адвокатот.

Неколку денови по убиството, се уште не се познати причините зошто почесниот конзул на Македонија во Барселона посегнал по животите на своите две деца.

Марио Деус во моментов се наоѓа во болнички притвор. Тој е назначен за почесен конзул на Македонија во Барселона во 2012 година.

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност