18 Мај, 2024
0.0330

Марин со обвинувања за Камчев, од Орка бараат извинување

Објавено во: Македонија 10 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Во врска со наводите изнесени од страна на денешната прес конференција на Златко Марин, претседател на Општинска организација на СДСМ, поврзани со сопственост на земјиште во нaселба Аеродром, компанијата Орка Холдинг АД Скопје се огласи со соопштение. 

„Орка Холдинг преку една од своите ќерки фирми поседува удел од 20 отсто во фирмата Масив Констракшн. Ниту Орка Холдинг, ниту која било од нејзините ќерки компании никогаш не подигнале кредит на тоа земјиште и никогаш не го заложиле под хипотека. Оттаму, го замолуваме господинот Марин веднаш да ја демантира својата изјава и да се извини, во спротивно ќе бидеме приморани да отпочнеме судска постапка за изнесените невистини, лаги и нарушување  на угледот на компанијата“ - наведуваат од компанијата. 

Сопственикот на плацот кај Мајчин дом, бизнис партнерот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев преку фирмата „Масив констракшн“, од градоначалникот на општина Аерором, Ивица Коневски, добил маркица за огромна зграда од девет ката, изјави денеска на прес конференција Златко Марин, претседател на Општинска организација на СДСМ.

„Пред да биде насилно сменет ДУП-от, плацот се водел како неизградено земјиште, без маркица за градба. На неизграденото земјиште Камчев подигнал 3.200.000 евра кредит. На двата плаца коишто беа зелени површини сега ќе никнат згради што ќе ги гради фирма на бизнис партнерот на Никола Груевски, Орце Камчев. Ако Ивица Коневски влегол во градежни бизниси со Орце Камчев, ќе видиме за колку плацеви во Аеродром се вплеткал во вакви зделки и договори“- рече Марин.

Тој најави ревизија на работењето на Ивица Коневски и одговорност за направени злоупотреби врз граѓаните. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8