02 Мај, 2024
0.0315

Марин Ле Пен: Време е да се заврши со ЕУ!

Објавено во: Свет 24 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Кандидатката на крајната десница за претседател на Франција Марин Ле Пен, која води според анкетите за победа во првиот круг, изјави дека е „време да се заврши со ЕУ", пренесе Франс прес.

„Во Европа е време да се заврши со една Европска унија, со тоа искушение за спојување што ја уништува Европа на нациите"- изјави Ле Пен на конференција во Париз пред новинари и претставници на 42 држави, меѓу кои амбасадорите на Тајван, Камбоџа, Куба, Саудиска Арабија, Албанија и Јемен, како и кинески и американски дипломати, се вели во соопштението на партијата на Ле Пен - Националниот фронт.

Треба да се заврши со тоа бирократски чудовиште,  додаде Ле Пен. Таа одамна ја критикува ЕУ и ја смета за „тоталитарна".

„ЕУ ја понижува Франција, ја одделува од светот. Се радувам на преродбата на европските народи против ЕУ за Европа како континент“- рече таа, имајќи ја предвид одлуката на Британците од минатата година да ја напуштат ЕУ.

Ќе изградиме друга Европа, вети Ле Пен.  Таа го осуди „стратешкиот авантуризам на САД" и го поздрави „реализмот и волјата за промена" на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Можеби ќе ве интересира

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија