МАПА ЗА ПРОЦЕНТ НА ИМУНИЗАЦИЈА: Која земја е лидер во Европа?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 26 Мај, 2021 15:11
Aнализата на нова.рс, покажува дека во Европа со вакцинацијата најдобро напредуваше Унгарија, каде што 30 проценти од населението примило две дози.
Земјата е прва во ЕУ која започна да ја користи руската вакцина „Спутник В“, иако Европската агенција за лекови (ЕМА) сè уште не го одобрила тоа.
Во текот на минатата недела, во просек дневно се давале по 94 393 дози, а покрај „спутник“ се нудат и „Синофарм“, „Астра Зенека“, „Модерна“, „Фајзер“, но и малку познатата вакцина од кинескиот производител „CanSino Biologics“. Србија е во иста група со Унгарија, и е обоена на мапата со зелена боја, што значи дека се имунизирани над 20 отсто од жителите.
Друг добар пример за имунизација во Европа е Данска, која, за разлика од Унгарија, има само две вакцини што се нудат –„Фајзер“ и „Модерна“. Оваа земја вакцинираше повеќе од 5,8 милиони луѓе, што значи дека вкупно 20 проценти од Данците се имунизирани, а 31,3 проценти ја примиле првата доза.
БиХ, Северна Македонија, Молдавија и Украина, имаат мал процент на вакцинирани, затоа што ниту една од овие земји не го надмина прагот од пет проценти вакцинирани, а на самото дно на табелата е Украина, каде што 2,2 проценти од популацијата примија една доза, а само 0,2 проценти беа целосно вакцинирани. Нешто подобра е Босна и Херцеговина, која достигна еден процент целосно имунизирана и Северна Македонија со 1,8 проценти.
Во Италија се дадени 30.900.385 дози вакцини, а резултатот за имунизација изгледа вака: 35 отсто од граѓаните ја примиле првата доза, а 16,9 осто и двете. Шпанија, која има 3.636.453 пријавени случаи, има скоро ист резултат кога станува збор за вакцинација како и Италија – 34,7 отсто граѓани ја примија првата доза, а 16,7 двете.
Во Шведска двете дози ги примиле 10,8 отсто од населението, а една доза од дури 33,4 отсто. Во Грција вакцинирани се 16,7 проценти од населението, а првата доза ја примиле 33 отсто.
foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите





