26 Април, 2024
0.0302

МАНЕ ЈАКОВЛЕВСКИ ЗА ФАКТОР 24: Албанскиот премиер Еди Рама во доцните вечерни часови го премисли Али Ахмети

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Албанскиот премиер Еди Рама изврши решителен притисок врз ДУИ и Али Ахмети да не прифати коалиција со ВМРО ДПМНЕ. Согласност за нова Влада  ДУИ-ВМРО ДПМНЕ  беше постигната, но според мои извори од Мала Речица Ахмети бил принуден да откаже од новиот договор со Никола Груевски. Ова за Фактор 24, заедничкиот телевизиски  проект на вебпорталот Фактор и ТВ24 го изјави Мане Јаковлевски. 

Јаковлевски кој е еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ  во интервју за Фактор 24 што вечерва ќе се емитува  на ТВ24, вели дека ВМРО ДПМНЕ не смее да прифати широка коалиција, на која очигледно инсистира меѓународната заедница. 

Според негово мислење лидерот на партијата е одличен политичар,  добро ја водел Владата и државата  и покажал дека има победнички дух. 

Во интервјуто Мане Јаковлевски  говори и за разликите и разделбите со неговиот брат Гојко Јаковлевски, двајцата влијателни Македонци во миграција и Задграничниот  комитет на ВМРО што ја донесоа одлуката за формирање на партија во Македонија. 

Интервјуто со Мане Јаковлевски го водевме во палатата на ВМРО ДПМНЕ. Неговата работна просторија е на вториот кат што партијата го определи за партиските ветерани. 

Седиштето на владејачката партија е под исклучително обезбедување како при влезот така и при проследувањето на телевизиската екипа до кабинетот на Јаковлевски.  

Во седиштето имаше исклучителна фрекфенција на партиски кадри, а екс министерот за транспорт и врски,  Миле Јанакиески кога не забележа се поврати. По завршувањето на ТВ интервјуто  го регистиравме и гласот  на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, а пред бифето кое е пространо и е во барок-стил беа поставени партиските бодигарди.

Интервјуто со Мане Јаковлевски,  кој е жесток критичар на СДСМ и борец против комунистичкото владеење пред самостојноста, го водеше уредникот и водител на Фактор 24 Горазд Чомовски. 

Политичко – економскиот магазин можете да го гледате вечерва на ТВ24 во 22.30 часот.  Покрај разговорот со Мане Јаковлевски и  ќе можете да го проследите и краткото интревју  со Африм Гаши, еден од основачите на движењето БЕСА како и звездата на европските оперски сцени, Игор Дурловски.  


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“