18 Мај, 2024
0.0268

Мандатот на политичарите треба да биде со пократок рок

Објавено во: Колумни 04 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Се уште ми е свежа една мисла која во разговор пред повеќе од десет години ми ја кажа поранешниот амбасадор на Швајцарија во Република Македонија, г.Штефан Нелен, кој во тоа време го привршуваше својот втор мандат: “во дипломатијата постои непишано правило еден дипломат да не остане повеќе од два мандата во една земја, бидејќи во тој случај повеќе ќе работи во интерес и ќе и служи на земјата каде е амбасадор, отколку на својата матична земја која таму го  испратила.” И тоа е точно, се зближуваш со луѓето каде престојуваш, се опушташ, и забораваш на својата основна амбасадорска цел, промоција на својата земја ” Така е и во политиката! Политичарите по извесно време забораваат дека се избрани од народот, дека треба да работат во нивен интерес, а не само за себе. И тоа е така веќе 20 години, ништо поразлично не се случува. А тоа е посебно изразено кога добиваат втор мандат. Загарантирани четири години, каде независно дали работат или не, земаат висока плата без да превземат никаква одговорност, a прават што сакаат. Во приватна компанија ако на сопственикот не му носиш приход, брзо ќе ти ја покажат вратата! Но, државната работа не е исто што и приватната, таму работиш во интерес на државата и целото општество. И тука треба да има институционална контрола, за да те опоменат ако не правиш како што треба. И тоа е особено потребно во услови кога моралната одговорност не функционира и кога секој ќе си најде некое логично објаснување за своето однесување, без притоа да биде казнет. Луѓето ја изгубија самоконтролата, а системската контрола  не функционира. Се наоѓаме сред една од најголемите политички кризи. Како ќе се реши не знам, но посакувам брзо тоа да се случи. Ќе се смени една власт, ќе дојде друга, која може истото да го прави, ако нема институционална контрола што ќе постави јасни граници, контролни механизми и казни. Во вакви услови, децентрализација на власта во вистинска смисла на зборот е едно од најдобрите решение. Историјата покажува дека секоја преголемата концентрација на власт, како феномен сам по себе, претставува нешто лошо што не враќа назад кон крајно тоталитарните системи во историјата како и се покажаа како системи добри за поединци, но не и за поголемиот дел од луѓето. Децентрализацијата треба системски да се наметне и да се имплементира во сите сегменти на нашето живеење, а тоа да не остане на декларативни изјави.  Децентрализација во политиката, во образованието, во културата насекаде околу нас. Смешно е еден премиер да се интересира дали во автобусите на ЈСП ќе има простор за реклами или не, или пак дали радиото е доволно гласно или не. А за да имаме децентрализирано општество, со повеќе нивоа на независно одлучување треба да имаме и развиен приватен сектор! Само економски развиен и независен приватен сектор, кој ќе вработува повеќе од 2/3 од работоспособната сила е услов за намалување на администрацијата како гласачка машинерија која лесно се контролира и управува. Од тој аспект ако слободните економски зони  вработуваат луѓе,  тие долгорочно се позитивна тенденција, независно колку и да се помагаат буџетски. Но лошо е ако и таму власта влијае при изборот на вработување. Само економски независни луѓе можат слободно да донесуваа одлуки. Моменталната политичка и економска криза уште повеќе не осиромашуваат и тоа мора да престане. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе