19 Мај, 2024
0.0298

Манчевски даде ветување за Технолошкиот парк

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Сакаме да ја промовираме Македонија како место за тестирање на новите ИКТ технологии. Комбинацијата на отворени институции, капацитети за истражување и развој, висококвалификувани професионалци, финансиска и логистичка поддршка за нови иновативни компании и новата енергетска инвестициска околина, е совршена дестинација дури и за високо развиените ИКТ компании да ги тестираат своите нови технологии во Македонија, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Манчевски учествуваше на GÉANT инфо денот и на промоцијата на GÉANT како пан-Европска академска и истражувачка мрежа. Пред учесниците на настанот, најави дека Технолошкиот парк треба да биде пуштен во употреба до крајот на годинава. 

Според министерот, дигиталната трансформација е скап и комплексен процес за кој се неопходни инвестиции во инфраструктурата и во човечките ресурси. 

- Технолошкиот парк е едео од проектите за обезбедување инфраструктурна и финансиска поддршка за иновативните активности. Владата ќе дејствува како ангелски фонд, кој ќе ги поддржи новите компании во нивните најризични фази на развој. Воспоставувањето модерен парк за наука и технологија е иницијатива која има за цел да ја зајакне конкурентноста на водечките индустрии во земјата и да го поттикне развојот на нови сектори, напомена министерот.

Технолошкиот парк е  мерка за поддршка на микро, мали и средни претпријатија како еден од трите столба на Планот за економски раст на Македонија. Останатите два столба се однесуваат на мерки за финансиска поддршка за нови гринфилд и браунфилд инвестиции, создавање нови и подобри работни места, технолошки развој и истражување, како и подобрување на деловната соработка и неповратната поддршка за компаниите.

- Овие два столба ќе се имплементираат преку новиот Закон за финансиска поддршка на инвестициите, информира Манчевски според кој придобивките од реализација на мерките предвидени во овие три столба се големи: поддршка на новите претпријатија, намалување на невработеноста, зајакнување на конкурентноста, ефикасност и продуктивност, поттикнување на соработка помеѓу домашни и странски компании, како и зголемување на инвестициите. 

Во првиот квартал од оваа година Македонија, нагласи министерот, оствари рекордно високо ниво на странски инвестиции.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа