17 Мај, 2024
0.0271

Малолетните џихадистки од Босна најверојатно убиени!

Објавено во: Свет 18 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Експертот од Комитетот за борба против тероризам во Советот за безбедност на ОН, Давид Шар, во интервју за израелскиот портал „Ynet“ тврди дека една од двете малолетни Босанки, кои од Виена се упатија кон Сирија и му се приклучија на џихадистите од Исламската држава веќе е мртва, а другата се води како исчезната. „Неодамна добивме информација за две 15 годишни девојки од Австрија, со босанско потекло. Нивното семејство, како и тајните служби на две земји трагаат по нив. Тие беа регрутирани од страна на Исламската држава“, истакнал Давид во интервјуто. Тој нагласил дека според информасиите со кои располага едната девојка е убиена, а другата се води како исчезната. За сега нема официјална потврда, а Министерството за надворешни работи на Австрија порачало да не се коментираат поединечни случаи. Самара К. И Сабина С., чии родители се бегалци од Босна, во април годинава избегаа од своите семејства во Виена и се упатија кон Сирија. Пред неколку недели една од девојките дала интервју за француските медиуми во кое говорела за својот живот во Сирија, тврдејќи дека ужива поголеми слободи отколку тие што ги нуди западот. Според тврдењата на австриските медиуми, девојките биле „радикализирани“ од страна на Мирсад Омерович, кој проповедал под името Ебу Тејм во една џамија во Виена. Во меѓувреме Омерович беше уапсен во акција на австриската полиција против радикалните исламисти кои се обвинети за регрутирање борци и финансирање на Исламската држава.  

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра