05 Декември, 2025
0.0655

Mалагурски за Фактор: Земјите од регионот недоволно сериозно ја сфатија заканата од коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Март, 2020 06:55

Добивај вести на Viber

Познатиот српски режисер Борис Малагурски за Фактор вели дека земјите од регионот не го сфатија сериозно ширењето на коронавирусот, опасноста од него, и не знае кога оваа криза ќе заврши. Потсетува како во рок од неколку недели Србија мораше да преземе радикални мерки. Но, последици ќе има по економиите на Балканот.

Фактор: Како ја оценувате реакцијата на владите во регионот, дали се на висина на задачата во однос на справување со коронавирусот?

Сметам дека поголем дел од земјите од регионот недоволно сериозно ја сфатија заканата во екот на пандемијата на коронавирусот, посебно имајќи в предвид дека српското раководство на 26 февруари, околу недела дена пред да биде регистриран првиот случај на коронавирус во Србија, свика конференција за печат, на која на граѓаните им е испратена порака дека коронавирусот е „најсмешен вирус во историјата на човештвото и дека постои само на Фејсбук“ и жените слободно да одат на „шопинг во Италија затоа што таму ќе има големи попусти, бидејќи никој жив сега не оди таму“. Ќе потсетам дека во тој период северна Италија стана ново жариште на епидемијата на коронавирусот, а некоја недела подоцна српскиот претседател ги молеше граѓаните задолжително да се јават доколку биле во Италија, воведе вонредна состојба и полициски час. Властите праќаат контрaдикторни пораки, затоа што институциите одамна се срушени, а со самото тоа ја уништуваат и онака разнишаната доверба кај граѓаните кои природно во состојба на криза се упатени на државното раководство.

Фактор: Кога очекувате дека кризата ќе заврши и како ќе се одрази на економиите на земјите од регионот кои и онака имаат многу проблеми?

Teшко е да се процени кога кризата ќе заврши. Сигурно уште неколку недели ќе треба да се спроведат ригорозни мерки, за да се заштити населението, а потоа ќе се прават проценки за понатаму. Светската економија веќе страда поради пандемијата, а тоа и беше за очекување, и постојат оние кои сметаат дека целата оваа криза е фабрикувана за да се ослабне глобалната економија. Сигурно дека моќниците гледаат секоја криза да ја експлоатираат во своја корист, но факт е дека опасноста од коронавирусот е многу реална и тоа може да се види од Италија која не ја сфати опасноста и сега трпи последици.

Фактор: Веста дека Македонија ќе почне преговори со ЕУ, беше во сенка на вестите за ширење на коронавирусот, практично немаше еуфорија. Мислите ли дека регионот се приближува кон ЕУ?

Koга ЕУ не сака да прими некоја членка во својата заедница, таа секогаш ќе најде изговор. На Србија ѝ ветуваа брз влез ако го предаде Милошевиќ во Хаг. Тоа е направено, а потоа е барано да го предаде Караџиќ и веднаш ќе влеземе во ЕУ. Откако и тоа е направено, ЕУ бараше нормализација на односите со Приштина. По Бриселскиот договор се бара од Белград да ја признае таканаречената „Република Косово“, односно да ѝ дозволи влез во ОН. Нема да има крај. Дали се сеќавате како ЕУ ветуваше брз пристап на Македонија само ако Македонија го смени своето име во Северна Македонија? И што се случи кога го направивте тоа што е барано од вас? Дали влеговте во ЕУ? Ќе видите дека има уште милион нови услови во тие преговори, а јас веќе не ни паметам кога Србија ги отвори преговорите. Тоа може да трае бескрајно како во случајот на Турција. Србија и Македонија не се наменети за да бидат дел од ЕУ, ние сме наменети за да бидеме периферија на ЕУ, со евтина работна сила каде што „странските инвеститори“, ќе го експлоатираат сиромашното население и ќе ги третираат луѓето како робови. Ако работникот има толку мала плата за да ги плати сметките и храната, која е разликата меѓу него и некогашните робови кои исто така имале покрив над главата и храна? На Европската Унија ѝ одговара да тапкаме во место. Само ние самите можеме да се побуниме и да изградиме држави на суверени основи.

Фактор: Кoлку сте задоволни од одзивот на публиката за „Тежина ланаца 3“?

Многу сум задоволен, пред сѐ, затоа што успеавме да го прошириме филмот, имајќи во предвид дека повеќето мејнструм медиуми ги бојкотираа вестите поврзани со „Тежина ланаца 3“. Ние одржавме премиерни проекции во државите ширум светот, од САД, Канада, Австралија, до Германија, Австрија, Швајцарија, Луксембург и Франција, а филмот нормално е пуштен во градовите ширум Србија, Црна Гора, и Република Српска. Жал ми е што филмот немаше премиера во Скопје, како претходниот филм „Косово: Момент во цивлизацијата“, но баш поради публиката во Македонија и во други држави каде не успеавме да одржиме проекција, одлучив да го направам филмот достапен на Јутуб.  Како што гледам, реакциите на публиката се позитивни, а она што е неверојатно е дека негативните коментари доаѓаат во состав на критиките на оние кои признаваат дека не го гледале. Тоа можеби и најдобро ја покажува аутистичноста на општеството во кое живееме. Некои луѓе и ментално се самоизолирале пред коронавирусот.

Фактор: Што е она што вашите фанови наскоро можат да го очекуваат од вас?

Работам на нов филм „Црна Гора: Поделена земја“, за која моментално прибираме буџет по пат на донации, а филмот ќе ги третира величествените литии кои со месеци се одржуваа (и привремено се прекинати поради коронавирусот), против антицивилизацискиот Закон за слобода на вероисповед. Сметам дека треба да се поддржи секој антисемитски бунт, а мојата цел е преку филмското творештво да ја будам свеста и да го покренам народот во борба за исправни вредности. Секако ќе продолжам да ја водам емисијата „Малагурски укратко" на Слободна ТВ.

Сања Атанасовска

Фото: Петар Милошевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите