19 Мај, 2024
0.0282

Максим Димитриевски обвини за велепредавство

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на  Фејсбук пишува дека парафразирањето на специјалниот претставник за Бугарија, екс премиерот, Владо Бучковски дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави (ставот на соседот) и повикот до нашите историчари да излезат од рамките на историографијата на поранешната држава (НОБ, АВНОЈ и АСНОМ) се чин на велепредавство.

„Обидот на мала врата да се пласираат теориите дека за Бугарската страна е прифатливо дека македонскиот народ постои од 1944 година е само потврдување на тезите дека ние сме вештачка творевина. Ваквите изјави се спротивни на македонските национални интереси и позиции, воедно спротивни и на Уставот и неговата Преамбула која се повикува на актите на Крушевското востание, АСНОМ и Референдумот од 91ва“, пишува Димитриевски.


Тој додава дека во историјата на Македонија ваквите тези ги користеле изолирани поединци претставени од врховистичката пропаганда предводена од Ванчо Михајлов.

„Денеска во 21ви век тоа го слушаме од Бучковски, поранешен Премиер исклучен од редовите на СДСМ, човек кој во партијата се обиде идеологијата да ја замени со клиентелизам, лојалност и интриги. Како долгогодишен и активен социјалдемократ јавно се оградувам од ваквите изјави кои ги сметам за лични и погрешни и во ниту еден момент не можат да добијат суштинска поддршка од мене а верувам ниту од членството а најмалку од јавноста“, посочи Димитриевски.

Претходно, Димитриевски го врати орденот на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов кој му бил доделен нему, а заедно со орденот му прати протестно писмо и книга порадок која е поствена на македонската нација. Тој изјавите на премиерот Зоран Задев дадени за БГНЕС ги оцени како обид да де изместат фактите од минатото. 

фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места