Макрон може да ја крене рампата, но има услови
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2019
Францускиот претседател Емануел Макрон е подготвен да ја крене рампата за преговори со Македонија и Албанија уште во следните месеци, вели тој во интервјуто за Економист.
Но, тоа ќе се случи под услов реформи да спроведат и двете земји кандидати, но и Европската Унија дотогаш да ја изготви новата методологија за проширување. Ако се суди според зборовите на Макрон, Македонија може да се надева на почеток на преговори уште на Самитот во март.
„Доколку ја понижите Албанија, ќе направите трајна дестабилизација на регионот“, вели тој.
Макрон тврди дека најголем дел од лидерите биле за отворање преговори со Македонија, но речиси половината биле против преговори со Албанија. Според Макрон, тоа би било фатална грешка, потврдувајќи го цврстиот став дека двете земји да одат во пакет.