15 Мај, 2024
0.0324

Макрадули на средба со „Спас за Валандово“ - Мора да се сочува животната средина

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Заменик-министерот за животна Јани Макрадули е првиот функционер кој ги прими активистите од „Иницијативата Спас за Валандово“ коишто се борат против изградбата на рудникот за  бакар во „Казандол“ поради стравувањето дека ќе има многу штетни последиците врз здравјето на жителите и животната околина.

„Ја споделуваме загриженоста на граѓаните на Валандово и ним им реков дека процедурите во коишто е стекната концесијата на овој рудник мора да се проверат, вели Макрадули.

Тој рече дека третманот на Македонија околу прашањата за животна средина  е комплетно на маргините иако станува збор за проблеми кои што ја одредуваат иднината и здравјето на луѓето.

„На Македонија итно и треба еколошки Прибе. Потребен е сериозен притисок од граѓаните кон институциите и мора да има пресвртница во третманот на животната средина на Македонија. Освен тоа, нашето општество се определи за патот на евроинтеграциите, а токму животната средина ќе биде најголемиот камен на сопнување во процесот на преговори бидејќи имплементирањето на европските стандарди е прашање кое таму се сфаќа сериозно и тоа е воедно и најскапото поглавје, вели Макрадули.

Активистите од иницијатавата велат дека очекуваат од институциите да покажат слух за овој проблем, а не да молчат.

„Баравме средби со многу функционери од оваа влада бидјеќи претходната воопшто не се заморуваше со некакви граѓани кои што имаат некакви проблеми со екологија. Впрочем тие ја дадоа спорната и штетна концесија во процедури кои беа се освен транспарентни и инклузивни кон граѓаните и нивното право да одлучуваат. Се надеваме дека оваа власт ќе има поголем ангажман и ќе ни помогне да се избориме за нашето право на здрав живот. Затоа бараме да се почитува волјата на граѓаните и претседателот на Советот на Валандово да го одобри референдумот за којшто ние собравме потписи“, вели Роберт Марков од иницијативата.

Можеби ќе ве интересира

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ВО ОДБРАНА НА Д-Р НИКО РИПНАА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Поврзувањето на името на д-р Беќаровски со вакви невистини за остварување политички цели е скандалозно и некоректно! Еве што пишува во нивниот демант

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат