18 Мај, 2024
0.0270

Макпромет го заслужи името во првиот квартал - добивката речиси двојно зголемена

Објавено во: Економија 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Aкционерското друштво Макпромет од Штип кое управува со повеќе друштва со ограничена одговорност го оправда името со тројно зголемување на прометот во првите три месеци од годинава и додека многу други компании од трговијата имаат слаби резултати со намалена продажба, Макпромет бележи одличен раст гледано според објавениот неконсолидиран финансиски извештај на Македонска берза.

Во К1 2017 Макпромет АД успеа значително да ги зголеми приходите од продажбата кои сега изнесуваат 20,9 милиони денари што е одличен резултат ако се спореди со првиот квартал од 2016-та кога продажбата вредела само 6 милиони денари. 

Кога од бруто добивката ќе се одземат оперативните расходи кои вредат 14,9 милиони денари се добива нето неоданочена добивка од 5,8 милиони денари. Тоа е за речиси 40% повеќе од истиот квартал во 2016-та, кога оперативната добивката изнесувала 3,6 милиони денари.

За доброто работење на Макпромет сведочи и трошоците за плати на вработените кои сега изнесуваат 4,1 милиони денари, а за споредба во К1 2016-та за вработените биле издвоени само половина милион денари. 

Најголеми издатоци Макпромет има за трошоци за суровини и други материјали во кои било вложено 7.1 милион денари. Макпромет нема ниту долгови за камати, па така финансиските расходи се 0 денари.

Макпромет АД Штип денес е индустриска компанија која настапува на домашниот и странскиот пазар со широк асортиман на производи. Во своето портфолио имаат конфекција, пекара, печатница, а издаваат и станбен простор.

Х.С.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа