Добивај вести на Viber
Винаријата Стоби во соработка со Македонската амбасада во Холандија на Саемот Персвејн во Хаг, претстави свои 13 сорти на вино, меѓу кои и Вранец веритас.
Настанот е подржан од Македонската амбасада во Холандија, а наменет за презентација на македонското вино во Кралството. Покрај винаријата Стоби на Персвејн во Хаг учествуваа уште 10 други винарии од Македонија, меѓу кои и Тиквеш, Сковин, Попов, Камник, Попова Кула, Дудин и други. Додека трае саемот, вината ќе бидат изложени пред потрошувачите, љубителите на вино, но и пред увозниците, дистрибутерите и претставниците од ХоРеКа сегментот во Холандија.
Вранец веритас кој беше дел од специјалната дегустација Мастерклас на саемот во Хаг, е вино од бербата октомври 2011. Грозјето користено за производство на ова вино е од сопствените лозови насади на винаријата стари повеќе од 30 години, во Вардарското виногорје.