МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНИ СО НИСКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Во Европа лидер е Шведска
Објавено во: Економија 09 Март, 2020
Само 45 отсто од жените во нашата земја се вработени.
Но, во европскиот просек е многу повисок.
Најголема стапка на вработеност меѓу жените има Шведска – 80 проценти, а најниска Грција – 49 проценти и Италија – 53 проценти.
Втора е Литванија со 79 отсто вработеност кај жените, а трета е Германија со 76 отсто.
Естонија е четврта со 76, а Латвија е петта со 75 отсто.
Во Хрватска вработеноста кај жените е 60, во Словенија 72, а во Бугарија 68 отсто.