Македонските плати најниски во регионот
Објавено во: Економија 23 Јануари, 2020
Maкедонските плати се најниски во регионот, и најспоро растат.
Нето платите во Република Македонија за периодот јануари – ноември 2019 година забележаа раст од 3,8 отсто.
Ова може да се види од податоците на Државниот завод за статистика.
Стапката на раст на платите во Србија за периодот јануари-ноември 2019 година изнесува цели 10 отсто, а во Бугарија и повеќе од 10 отсто. Платите растат со најсилно темпо во Романија, односно тоа се 15.6 отсто.
Според словенечкиот Завод за статистика, просечната нето-плата во таа земја изнесувала 1.114 евра, јави Анадолија. Во исто време, тоа е единствената плата во земјите од регионот која го надминува прагот од 1.000 евра. По Словенија следува Хрватска, исто така членка на ЕУ, каде просечната плата била 864 евра. Потоа е Црна Гора, каде што според официјалните податоци на Заводот за статистика на Црна Гора, просечната заработувачка без данок изнесувала 517 евра. Во БиХ просечната исплатена месечна нето-плата изнесувала 925 конвертибилни марки (472 евра), а во Србија 54.115 динари или 460 евра.
Сепак, екс македонскиот премиер, и лидер на СДСМ, Зоран Заев синоќа на Фејсбук се пофали дека платите во Македонија растат и дека сме на прав пат.