19 Мај, 2024
0.0358

МАКЕДОНСКИОТ ТИМ ОД СУДСКА МЕДИЦИНА ПРИСУСТВУВА НА ОБДУКЦИИТЕ НА ЖРТВИТЕ: Директорот на Институтот д-р Станков за Фактор

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Директорот на Институтот за судска медицина, д-р Александар Станков, кој заедно со уште двајца колеги уште од вчера се во Софија за да се приклучат на бугарскиот тим вештаци во процесот на идентификација на 45-те жртви од тешката сообраќајна несреќа, денеска за Фактор потврди дека веќе имаат дозвола.

-Добивме дозвола и сега веќе присуствуваме на обдукциите на телата на загинатите во автобусот кој целосно се запали, посочи директорот Станков за Фактор.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, македонските вештаци цел ден чекаа да влезат во салата во која се вршеа обдукциите, односно не им беше дозволен пристап се додека не добијат писмено одобрение од страна на бугарското обвинителство, иако, како што изјави д-р Станков дека и правилата на Интерпол налагаат учество на вештаци во вршењето обдукции од двете земји кога станува збор за меѓународна сообраќајна несреќа. 

Истовремено, д-р Станков потенцира дека процесот на идентификација се врши преку ДНК профил , заради што уште во текот на вчерашниот ден во Софија беа најблиските на загинатите за да дадат биолопки материјал.

Во однос на тоа кога може да се очекува да заврши идентификацијата, особено поради фактот што телата на загинатите патници се изгорени до непрепознатливост, д-р Станков посочува:

-Тоа зависи од нашите колеги од Бугарија. Ако се е како што треба, наредната недела треба да биде завршен целиот процес на идентификација на жртвите.

Инаку, експертите од областа на судската медицина појаснуваат дека кога станува збор за обдукции на карбонифицирани тела, дека тоа се крајно комплицирани и исклучително тешки постапки за идентификација на жртвите.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места