15 Мај, 2024
0.0255

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија донираа софистициран медицински апарат во Клиниката за детски болести во Скопје

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Денес, на Клиниката за детски болести во Скопје, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија донираа софистициран медицински апарат NEUROWERK EEG 36. Апаратот, прв од ваков вид во Македонија е донација на Одделот за неврологија, при детската клиника и ќе се користи за дијагностика на епилептични жаришта. „Навистина е прекрасно чувството во овие празнични денови да се подари.  Особено кога се подарува на деца. Не сум медицинско лице и не ги знам техничките карактеристики на апаратот што денес го донираме на Одделот за неврологија, но знам дека овој апарат  е неопходен за правилно дијагностицирање на епилепсија кај децата, а со тоа и правилно и навремено лекување, што на крајот значително ќе го подобри квалитетот на живот и здравјето на тие деца. А тоа е повеќе од доволно“. – истакна главниот извршен директор на Македонски Телеком, г. Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком. „Во нашата амбуланта годишно во просек се прават 2500 ЕЕГ прегледи. Овој апарат е неопходен за точната проценка на локацијата и активноста на епилептичните жаришта, што ќе овозможи соодветно лекување, лекување на нападите и намалување на појавата на нападите.“, истакна доц. д-р Софијанова и воедно ја изрази големата благодарност во име на целиот персонал и Клиниката за детски болести во Скопје за помошта и поддршката на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија. Медицинскиот апарат Neurowerk EEG  е засега прв и единствен во Македонија, кој  овозможува долготрајно ЕЕГ снимање и монторинг на пациентите во траење од 24 и 48 часа, за која специфична дијагностичка постапка пациентите наместо да патуваат во странство,  отсега ќе можат да се прегледуваат во Клиниката за детски болести  во Скопје. Во рамките на оваа пригода г. Андреас Маиерхофер, главниот извршен директор на Македонски Телеком ги посети сите деца од Клиниката за детски болести и во духот на новогодишната атмосфера им подари новогодишни подароци.

Можеби ќе ве интересира

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура