18 Мај, 2024
0.0280

Македонски компании сами ќе вршат царинска постапка

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

На најмалку две компании Македонија, заедно со другите земји од ЦЕФТА, до крајот на годината треба да им издадат дозволи кои самите ќе ја вршат царинската контрола.

Според Директорот на Царинската управа на Република Македонија Ванчо Карго во постапка се три барања за издавање дозвола овластен економски оператор и оти се надева до крајот на годината дека ќе издадат барем на една компанија. Вели дека станува збор за производствени компании.

- Тоа значи дека компаниите се одлично организирани, Царинската управа има одлична соработка со нив, им верува на нивните системи за контрола и извесно е дека тие ќе бидат изземени од редовна царинска контрола на која подлежат сите други компании, изјави Каргов.

 Станува збор за компании кои имаат високи стандарди во работењето, ја знаат работата и сами го проценуваат превентивно ризикот од царински измами, додаде тој

Според најавите понатаму е  планирано и потпишување договори меѓу царинските служби со други држави да може да биде надвор од редовната царинска постапка и во друга држава од ЦЕФТА или ЕУ.

Ваквите договори, како што појасни директорот Каргов, ќе значи дека нашите организации и регулатива се на исто ниво и дека си веруваат меѓусебно.

Директорот на Царинската управа истакна дека за време на претседавањето со ЦЕФТА Поткомитетот се постигнати и други значајни резултати како што е воспоставувањето врска меѓу ЦЕФТА и Протоколот за потекло и Конвецијата за Пан-евро медитеранската конвенција, со која дијагоналната кумулација ќе се прошири со ЦЕФТА земјите и подоцна со медитеранските земји.

- Ова ќе овозможи бесцарински увоз и извоз во рамките на ЦЕФТА земјите заедно со ЕУ. Тоа дава можност за дијагонална кумулација на потеклото со земјите од Медитеранот. Република Македонија веќе почна со иницијатива за склучување нови договори за слободна трговија, кои треба да ја поттикнат нашата надворешна трговија, односно извозот во овие земји, рече Каргов.

Како што најави претставникот од ЦЕФТА Секретаријатот Умут Егзегер одлуката треба да биде усвоена на 20 ноември во Сараево, по што земјите кои ја ратификувале ќе можат да извезуваат производи во ЕУ и други земји со преференцијален третман. - Ова е голем чекор напред во промовирањето на економскиот раст и развој на трговијата во регионот, истакна Егзгер.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со увозот на производи од Хрватска откако таа влезе во ЕУ, рече дека од јули таа не е повеќе членка на ЦЕФТА и сите правила што важат за земјите членки на ЕУ важат и за Хрватска.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата