18 Мај, 2024
0.0311

Македонски економски самит: Успехот започнува преку агилна трансформација на знаењето

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Македонија2025, организацијата што е посветена на развој на бизнисот и привлекување инвеститори, организира Eкономски самит што ќе се одржи во Скопје од 18 до 20 ноември. Самитот претставува платформа за интерактивно генерирање идеи и знаење преку предавањата и анализите на повеќе од 30 говорници, експерти во повеќе сектори што имаат особена важност во глобалната економија. Учесниците на самитот ќе имаат можност дигитално да поставуваат прашања за време на обраќањата.

Претседавачот на овогодинешниот самит Зоран Мартиновски, потенцира дека македонските компании можат да станат поконкурентни, но и да заштедат, само преку ефективен пренос на знаење и вовед на глобално усвоени методи во работењето. Македонија2025 се погрижи самитот да има докажани експерти и претприемачи. Тие ќе дадат ексклузивен увид во своите сектори и за тоа што го работат, и на тој начин ќе им претстават применливи идеи на учесниците. Меѓу другото, ова е одлична платформа за поврзување што може да биде исплатлива за компаниите што знаат кон што целат“, заклучува Мартиновски, Менаџерот на Меѓународната финансиска корпорација на Светската банка за Македонија и Црна Гора.

Самитот во Скопје ќе има повеќе тематски панели со експерти од регионот и од странство. Панелот „Увид во трансформативните сектори“ има за цел да ги претстави методите што успеваат, како и методите што не успеваат во создавањето беспрекорна работна култура што ќе го одржува успехот на компанијата. Дел од говорниците на темата ќе бидат Џим Дан, програмски Директор на Пацифик Институт, кој ќе зборува за трансформирање на работната култура во компанијата како и како да се стекнат мисловните процеси што им овозможуваат успех на енергетичните луѓе; Марио Шерич, кој е глобален експерт во областа на туризмот, ќе зборува за трансформативниот развој на овој сектор во Хрватска; Стив Шарп, Претседател и извршен Директор на Еуромакс, ќе зборува за трансформирање на регионалниот рударски сектор и други.

Македонија како центар за „паметни индустрии“ е панел што ќе ги мапира главните насоки на трансформирање на постојните капацитети, кон развој на агилен инфо-технолошки сектор. На овој панел ќе зборува Филип Мисовски, кој е главен експерт за производство на глобалната консултантска куќа САП од Германија и Петар Кајевски, Директорот за стратегија за клиенти на Оракл во Австрија, ќе зборуваат за трансформирањето на Македонија во центар за иновации и инфо-комуникациски технологии; Методија Папазоски, соосновач и Претседател на ЕМБС Груп од Полска, ќе зборува за потенцијалните на Македонија да стане центар за аутсорсинг според успешниот пример на Полска.

Економскиот Самит е организиран од страна на Македонија2025 - невладина, непартиска и непрофитна организација со меѓународен Управен одбор, чија цел е да го стимулира развојот на бизнисот и економијата во Македонија.

За повеќе информации околу учеството и котизацијата, посетете ја интернет страната на Македонија2025: www.macedonia2025.com

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа