Македонската радиотелевизија меѓу најголемите должници на државата
Објавено во: Економија 12 Октомври, 2015
Над 4 700 граѓани и фирми ги немаат платено своите долгови кон Управата за јавни приходи.
На октомврискиот список што го објави УЈП, меѓу должниците освен приватни компании се најдоја и јавни претпријатија и национални телевизии. Еден од најголемите должници е националниот сервис МРТ, која нема исплатено 2 милиони евра данок на добивка и данок на додадена вредност. И телевизија Алфа должи околу 325 илјади евра. На листата е јавното претпријатие „Македонија пат“ со долг од 6,7 милиони евра по основ на ДДВ и данок на добивка. Новата листа опфаќа долгови кои не се платени до крајот на септември.