02 Мај, 2024
0.0282

Македонската, хрватската и бугарската берза ќе се поврзат со помош на ЕБОР

Објавено во: Економија 07 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Берзите во Македонија, Хрватска и Бугарија потпишаа договор за регионално поврзување и формираа заедничка компанија, а за ова добија грант од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Грантот во висина од 540 илјади евра треба да им помогне на трите берзи да креираат електронски систем за прекугранично тргување. Дополнително, берзите во овој проект ќе вложат уште 80 илјади евра. „Ние, како Македонска берза, повеќе години наназад сме големи заговорници за креирање на некој тип на поцврсти регионални интерграции, а мотивацијата за тоа е дека автономните фактори за развој на нашиот пазар, имајќи ја во предвид лимитираноста на економијата се релативно ограничени и главниот двигател за раздвижување на пазарот го гледаме во проективно вклучување на странски портфолија на инвеститори“, вели Иван Штериев, прв човек на Македонската берза за хартии од вредност. Претставниците на хрватската и бугарската берза очекуваат дека кај инвеститорите од нивните земји има интерес за купување на акции во македонски компании. За половина година на Македонската берза се истргувани акции во вредност од 26,4 милиони евра. Најголем дел од прометот е направен во јануари годинава, а најслаб месец е април.

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?