02 Мај, 2024
0.0258

ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИТЕ СУРОВИНИ Е ПОТРЕБНА ШИРОКА ЈАВНА РАСПРАВА

Македонската асоцијација на рударството (МАР) апелира да не се усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минералните суровини

Објавено во: Економија 23 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на Македонската асоцијација на рударството (МАР), Николајчо Николов  на прес-конференцијата одржана на 23.07.2018 година, говореше за измените предложени во Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, поднесен од група пратеници на Собранието на Република Македонија. Според Николов, Предлог – законот е недоречен, селективен и ограничен и доколку биде усвоен, може да предизвика штети за рударскиот сектор.

Претставници на Македонската асоцијација на рударството на почетокот на годината одржаа средба со претставници на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на која ги посочија своите забелешки и коментари во врска со Предлог – законот. Сепак, текстот на Предлог – законот, дополнет во незначителен дел, со вградени амандмани,поднесени и усвоени од Комисијата за економски прашањаи усвоени од Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, повторно е ставен на дневен ред и се чека да биде усвоен во скратена постапка. Притоа, според сознанијата на Асоцијацијата, со ваквиот Предлог – закон не се запознаени, ниту консултирани претставниците од Министерството за економија на РМ.

Законот за минерални суровини е комплексен закон, за чии измени и дополнувања е потребна широка јавна расправа, а не нивно донесување во скратена постапка. Овој закон е еден од најчесто менуваните, поради што е неопходно измените да се донесуваат врз основа на јавна расправа во која ќе се вклучат претставници од бизнис заедницата, Министерството за економија, невладиниот сектор и другите засегнати страни – истакна Николов на денешната прес - конференција.

Членот 1 од дополнетиот Предлог – закон со кој се предлага дополнување на членот 36 од Законот за минерални суровини пропишува дека концесија за експлоатација на минерални суровини не може да се додели за постапки со лужење или флотација на металични минерални суровини со цијаниди или со сулфурна киселина во рудници со отворен коп. Исклучок се концесиите за експлоатација на металични минерални суровини на веќе постојните рудници.

Според компаниите, оваа предлог - измена е конфузна и недоречена и при тоа не е јасно на кој начин предлагачот прави разлика помеѓу рудата добиена со површинска експлоатација и рудата од подземните копови. Дополнително, иако предложената одредба предвидува исклучок во однос на концесиите за експлоатација на металични суровини на веќе постојните рудници, од Асоцијацијата истакнуваат дека за опстанок и понатамошен развој на посотоечките рудници неопходно е проширување на доделените концесии, што значи дека одредбата неминовно ќе се применува и на нив. Поради тоа, сметаат дека ваквиот пристап е селективен, нестручен и нејасен на кој начин предлог-измената ќе ја исполни посакуваната цел, а тоа е заштита на животната средина.

Истовремено, членот 3 од дополнетиот Предлог-закон пак, предвидува кон барањето за добивање концесија за експлоатација на минерални суровини, инвеститорот да достави потврда за депонирана финансиска гаранција во случај на штетни ефекти по животната средина. Според Асоцијацијата, доколку биде усвоена, ваквата предлог – измена дополнително ќе ги усложни состојбите во рударството, бидејќи истата е широко поставена и не дефинира што се подразбира под терминот „штетни ефекти по животната средина“, како и каква „финансиска гаранција“ е потребно да достави инвеститорот. Ваквото законско решение би ги одвратило потенцијалните инвеститори во земјата и би го спречило понатамошниот развој на рударската индустрија и новите инвестиции во овој сектор.

Според Николов, рудниците не се главни загадувачи на животната средина, посочувајќи дека рударската индустрија во Македонија во своето работење имплементира највисоки светски стандарди, со што обезбедува ефикасност, заштита на животната средина и здравје и безбедност на своите вработени.

Поради тоа, смета дека е потребно да се согледа вистината и реалните состојби, бидејќи во спротивно се добива впечаток дека во изминатиот период само неосновано и организирано се дејствува против рударскиот сектор. Во таа насока, порача дека е неопходна комуникација помеѓу инвеститорите и локалното население, а упати и отворена покана до сите заинтересирани лица да ги посетат рудниците и да се информираат на кој начин тие работат.

 Македонската асоцијација на рударството (МАР) постојано ги следи трендовите за иновација за испитување и вадење, обработка, управување со отпад и затворање на рудниците. Оваа година во Република Македонија се одржа и МАЈНЕКС Европа Форумот,на кој рударските компании, владините претставници, инвеститорите и невладините организации имаа можност да го дадат своето  мислење и грижи и да дискутираат за начини за можна потесна соработака, за развој на долготрајна одржливост во рударството. Во таа насока, на форумот се дискутираше за развивање на пристап кој ќе овозможи паралелен развој и на рударскиот и на земјоделскиот сектор, притоа не селектирајќи само еден од нив на штета на другиот.

Во структурата на индустриското производство, рударството и вадењето камен учествуваат просечно со околу 8,0%  до 9,5%, а само рударството учествува со 4,5% - 5, 0%.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика на РМ, учеството на секторот Рударство и вадење на камен во БДП се движи од околу 1,4% во 2013 година, 1,3% во 2014 година и во 2015 година и 2016 година, а околу 1,2% за 2017 година (проценка).

Бројот на компаниите во рударството, вадењето на камен и преработка на неметални минерални производи изнесува околу 540 компании, додека во рударството и вадењето камен вработени се околу 6.576 вработени и заедно со услужните дејности и производството на неметалните минерални производи бројот на вработените се движи до околу 11.000 до 12.000 вработени.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?