18 Мај, 2024
0.0262

Македонска пошта загубила богатство од грабежи и „поткраднувања“ од вработени

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber


Македонска пошта првенствено евидентирала 133,6 милиони денари како кусоци од кражби и кусоци од вработени, а потоа пријавила вкупна исправка од 62,7 милиони денари. Независниот ревизор оваа исправка ја земал со доза на резерва бидејќи не е проценето колкави се надоместоците за овие пријавени трошоци во извештајот за 2017-та.

- Друштвото има евидентирано останати побарувања по основ кусоци од кражби, кусоци од вработени во бруто износ од 133,857 илјади МКД за кои е евидентирана исправка на вредност во износ од 62.704 илјади МКД согласно сметководствената политика на Друштвото. Со оглед на фактот дека Друштвото нема извршено соодветна проценка на надоместливиот износ на овие побарувања согласно барањата на сметководствените стандарди кои се во примена во Република Македонија и покрај тоа што постојат индиции за обезвреднување на овие средства, ние не бевме во можност да се стекнеме со разумно уверување во однос на евидентираната исправка на вредност на овие побарувања - нотира независната ревизорска куќа.

Конкретно, кусоците од кражбите биле 100 милиони, а побарувањата од вработените за кусоци биле 33,3 милиони. По исправката на вредноста, едниот кусок станува 51,3 милиони, додека другиот кусок станува 11,3 милиони. Исто се случувало и во 2016-та. Тогаш кусоците за кражби биле достигнати до 100 милиони биле ревидирани на 46,2, додека оние од вработените биле ревидирани од 33,4 на 9,6 милиони.

Најголемиот приход, оној од писмоносни услуги е намален и изнесува 607 милиони денари, за разлика од 2016-та кога бил 654 милиони. Забележан е пад и во приходите од достави на сметки, списанија и пакети на 307 милиони денари. Трет најголем приход е оној од прометот за банките со 119 милиони денари, што е за 32 милиони денари помалку од година дена претходно. Мал пад има и од исплатата на надоместоци, односно пензии, со 64,2 милиони денари. Пад има и во приходите од наплата на сметки, приходи од хибридна, директна и ЕМС пошта и во приходите од поштенски испратници. Раст има единствено во приходите од закоп, кога станува збор за оние позначајните.

Кај расходите, убедливо најголемиот трошок - платите за вработените, убедливо останува горе-доле ист како оној од година дена претходно и изнесува 880 милиони денари. Додека трошоците за вработените се исти, кај оние оперативните има пораст од 32 милиони денари и таму најголем издаток е оној за меѓународни пратки од реиси 50 милиони ден., што е за 15 повеќе од тој во 2016-та. 

Вкупниот број на вработени на крајот од 2017-та бил 2244 лица, односно 99 помалку во однос на една година претходно.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа