18 Мај, 2024
0.0445

Македонска иновација го освојува кинескиот пазар

Објавено во: Мои пари 26 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Најновата колагенска линија на Виталиа е избрана мегу неколкуте најиновативни производи во конкуренција со продукти од целиот свет кои ќе се  претстават на меѓународниот саем SIAL во Шангај, Кина.

Овој реномиран македонски бренд за здрава храна ќе ги изложи своите иновации на специјален штанд во склоп на саемот и официјално на 14ти мај оваа година.

Со самиот овој избор Виталиа истовремено се здобива со признанието SIAL INNOVATION SELECTION 2019 чие лого може да го аплицира на своите производи и промотивни материјали, а кое понатаму го олеснува пласманот на самиот производ на кинескиот пазар.

Колагенската линија е најновата иновација на Виталиа која набргу по светската промоција во Шангај ќе биде промовирана и на саемот PLMA Амстердам, а потоа достапна и за потрошувачите во Македонија и останатите 55 земји во кои извезува компанијата.


Линијата се состои од продукти од колаген, инстант колаген, мусли со колаген и оризови каши со колаген, нов тренд во функционалната здрава исхрана. Ова е огромно признание за македонската компанија за здрава храна Виталиа, потврда за сите напори и заложби да креира иновативни здрави производи според потребите на модерните потрошувачи.

Саемот SIAL Шангај е исклучиво важен  настан на кој се претставуваат иновациите во прехранбената индустрија, а компаниите имаат можност да се презентираат пред милионска публика и претставници од најголемите компании од сите земји во светот, да разменат идеи и да ги следат новите светски трендови. Но најважно од се е да се зајакнат постоечките и да се остварат нови познанства кои ќе помогнат овој македонски бренд уште повеќе да расте.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата