02 Мај, 2024
0.0300

Македонска фирма затворена поради неплатени даноци го доби УЈП во Стразбур

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Европскиот суд за човековите права за прв пат донесе пресуда во случајот „Еуромак метал ДОО против Република Македонија“. Пресудата за случајот кој го водеше адвокатот Игор Спировски пред Судот во Стразбур е во корист на фирмата апликант „Еуромак метал“. Во овој случај, се вели во пресудата на ЕСЧП, има повреда на членот 1 од Протоколот 1 на Европската конвенција за заштита на човековите права, кој се однесува на заштитата на сопственоста, објави „Академик“.

Фирмата престанала со работа поради извршувањето на даночните решенија и блокирањето на банкарската сметка. Фирмата, која во меѓувреме е затворена, го плаќала данокот на своите добавувачи, кои не ги подмириле своите обврски, а за што Управата за јавни приходи одговорноста ја префрлила на „Еурокам метал“, што според одлуката во Стразбур тоа се покажува како неосновано. Фирмата била наменета за трговија со старо железо, и за таа цел купувала отпаден алуминиум, бакар, железо и други метали, ги преработувала, а потоа го нудела производот за продажба.  Фирмата жалител била регистрирана за целите на Законот за данокот на додадена вредност и пријавувала ДДВ на сите издадени фактури. Исто така, ДДВ бил пријавуван на сите дојдовни фактури. Со ова ѝ било овозможено на фирмата жалител периодично да бара одбивки за ДДВ од државата, што и го правела (во согласност со Правилата на системот на „претходен данок“).

Адвокатот Игор Спировски вели дека се работи за случај во врска со донесување решение на УЈП за наплата на ДДВ за фирмата, кој фирмата го платила и го одбила претходно врз основа на платен влезен данок на своите добавувачи. Финансиските притисоци и неоправданите финансиски обврски за фирмата, кои биле големи, резултирале со нејзино затворање. 

„Во 2009 година УЈП прави контрола во фирмата и утврдува дека некои од добавувачите не го уплаќале тој данок во државната каса или воопшто не пријавувале данок. И решението за  повторно плаќање  на претходно платен данок на оваа фирма е донесено врз тој аргумент дека добавувачите не ги извршиле своите даночни обврски кон државата, иако фирмата ги извршила сите свои обврски кон државата. Судот во Стразбур најде дека фирмата апликант во ваква ситуација не може да одговара за однесувањето на нејзините добавувачи и не може да ги контролира во таа смисла дали го плаќаат данокот или не и, секако, дека задолжувањето од страна на УЈП повторно да го плати истиот ДДВ кој претходно го платила на тие компании претставува „прекумерен товар“ образложува Спировски.

Покрај важноста на пресудата од аспект на процедурата, големо е нејзиното значење во смисла на охрабрување на домашните и европските фирми кои се соочуваат со вакви проблеми да ја бараат правдата пред Европскиот суд за човековите права. За пресудата веќе пишуваат и релевантните европски стручни списанија.

Значењето на оваа пресуда, вели адвокатот, е големо. Ова, додава тој, е втора или трета пресуда пред Стразбур, меѓу кои имаше и два бугарски случаи во кои принципиелно Судот се определи за ваков пристап.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?