18 Мај, 2024
0.0856

МАКЕДОНИЈА: Земја со најниски даноци, а најмалку инвестиции?

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Висината на даночните стапки се еден од клучните услови на кои посветуваат внимание странските инвеститори кога носат одлуки за инвестирање. “Бизнис инсајдер” ја рангираше Македонија на првото место на листата  на 18 рангирани земји во светот, како земја со најниска вкупна даночна стапка во висина од 7,4 отсто.  Зад Македонија, се Хрватска со вкупна даночна стапка од 18,8 отсто, Црна Гора  со 22,3 проценти. Но од друга страна и покрај низата поволности што Владата им ги нуди на странските инвестиции, Македонија во регионот заостанува по учеството на СДИ во бруто домашниот производ.  Анализата на Асоцијацијата за економски истражувања “Finance think”, покажува дека странските директни инвестиции достигнуваат и до 10% од БДП во некои земји од регионот. Хрватска лани според податоците од хрватската Народна банка, имала прилив од странските инвестиции во висина од 2,87 милјарди евра. -Ова учество е најголемо кај Албанија и Косово, а во Македонија изнесува околу 4% од БДП. Анализирано во апсолутен износ, најголеми приливи од СДИ имаат Србија, Бугарија и Албанија, додека Македонија, Косово и Босна и Херцеговина најмалку, се посочува во анализата на “Finance think”. Последните податоци од Народната банка за основни економски показатели, покажуваат дека во првиот квартал од годинава учеството на странските директни инвестиции во БДП било 3,1 отсто, а во вториот квартал 2 отсто. Дали даночните олеснувања се клучниот сегмент за привлекување на странските инвеститори? Дел од економистите сметаат дека даночните стапки не ја играат главната улога во одлуките на странските инвеститори, големо влијание имаа законските решенија, стабилноста, политичката состојба во земјата. -Странските инвеститори не бараат само најниски даночни стапки, туку многу повеќе од тоа. Клучно при донесување на одлука за инвестирање е: постојноста на законските решенија, сигурноста на инвестициите, политичката клима, комуникациското поврзување, достапноста до потребните енергенси, квалификуваната работна сила, цената на трудот. Сите тие предуслови се неопходни за да може инвеститорот да процени, т.е. какви приноси од влоѓениот капитал може да очекува. Активноста на Владата за привлекување на странски инвестиции е за секоја почит, но вистината не учи дека тоа не е доволно. Сите земји од блиското опкружување, иако имаат  повисоко даночно оптоварување, имаат неколку пати повеќе странски инвеститори. Странскиот капитал не доаѓа поради тоа што нам ни требаат, туку за свој интерес.Прашањето е, кои се тие други предности (освен ефтината работна сила и ниското даночно оптоварување) што можеме да им ги нудиме на странските инвеститори? Како приоритет се наметнува, надминување на политичката криза, постојаност на законската регулатива и гаранции за вложениот капитал и остварената добивка. Но, важно е уште нешто, странскиот капитал бара, освен институционална поддршка, уште и поддршка од домашните стопански субјекти, способни за соработка ( производна, услужна), во доменот на снабдување со сето тоа што како ресурси располагаме. Секако странските инвеститори бараат и квалификувана работна сила која е способна да се вклучи во производниот процес. Досегашниот  период беше идеален за привлекување на странски инвестиции во областа енергетиката, гасификацијата, инвестиции во инфраструктурата, како и инвестиции кои би биле во функција на надминуванје на т.н. временска дистанца во примената на нови знаења и технологии. Можевме и повеќе и подобро,вели универзитетскиот професор, Сами Бислими. Во последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд насловен како “Посебна област“, во делот посветен на анализа на политиките за привлекување на странски директни инвестиции (СДИ), монетарците посочуваат дека во однос на привлекувањето на инвестиции Македонија е пред Албанија и Босна, но зад Србија. Како недостаток го лоцираат нискиот потенцијал во делот на природните ресурси и атрактивноста на пазарот. -Повеќето странски директни инвестиции во последниве години се гринфилд и концентрирани на извозно ориентирано производство. Република Македонија е рангирана како една од најниските во регионот во однос на потенцијалите, што  најмногу се должи на недостаток на природни ресурси и атрактивноста на пазарот.Економските политики треба да се насочат кон проширување на големината на пазарот, подобрување на производствените вештини и инфрастукртурата, се наведува во извештајот. Во извештајот се наведува дека Македонија нуди атрактивни даночни олеснувања за  инвеститорите, вклучувајќи рамен данок од 10 проценти на личните примања и на профитот. Монетраците посочуваат дека во текот на изминативе неколку години, имплементацијата на сите овие мерки, комбинирана со релативно ниската ефикасност во оданочувањето според регионалните стандарди, придонесе кон постојаното опаѓање на владините приходи во однос на БДП-то, во споредба искуствата од другите економии во раст. Дали странските инвестиции го дадоа очекуваниот ефект? Владината политика за привлекување странски инвестиции почна во 2007 година. Што добивме од странските инвеститори, колку не чинат инвеститорите од странство? Според расположливите податоци ,за изградба на слободните економски зони за пет години вклучувајќи и ја и оваа 2015-та, Владата потрошила 40 милиони евра. Институционална тајна останува колкава е сумата во вид на субвенции што ја добиваат странските инвеститори. Клучниот аргумент на Владата за политиките за привлекување инвестиции е дека влијаат врз зголемување на извозот, намалување на невработеноста, и врз учеството во бруто-домашниот производ. На странските инвеститори им се нудат серија на даночни и царински ослободувања, субвенции за вработени, парична поддршка за изградба на фабрики, а од друга страна домашните бизнисмени се чувствуваат дискриминирани во однос на странските инвеститори. И монетарците во извештајот нотираа дека мерките кои ги нудат македонските власти за странските инвеститори, истите не ги нудат и за домашните инвеститор, при тоа укажувајќи дека високата стапка на сива економија и  тешкиот пристап до финансиите, се главните пречки со кои се соочуваат домашните фирми од приватниот сектор при водењето на бизнисот,   во споредба со регионот. Во врска со ефектите од СДИ, дел од бизнисмените  велат дека и покрај сите олеснувања што ги добиваат странските инвеститори, ефектот од СДИ не е како што се очекувал. -Од сите  ослободувања, субвенции или поволности за странските инвеститиори ние како земја добиваме само големи трошоци за нивното доаѓање, додека пак за возврат добиваме вработувања со ниски плата. Ако гледаме низ бројки, тоа изгледа добро бидјеќи имаме покривање на увозот со извоз од 70 % во првото полугодије, но од тој износ  странските компании кои ја менуваат  и струтурата и волумот на извозот во нашата земја, ги оставаат само платите, и тоа ниските плати на вработeните и воедно ја оптоваруваат буџетската каса бидејќи за тие вработени државата плаќа даноци и придонеси и слично. Стопанската комора на Северо-Западна Македонија има став дека овие политики не се ефективни за економскиот развој на земјата и секако дека не ги дадоа очекуваните резултати. Од тоа што се промовираше ние многу малку добивме, додека пак потрошивме огромни државни  пари за роуд шоуа или за рекламирање во странските магазини како  Forbs и слично, изјави неодамна за Фактор,  претседателот на  Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа. Според последните податоци на Народната банка, салдото на странски директни инвестиции во јули годинава изнесува 19,68 милиони евра, а вкупно за првите седум месеци 125 милиони евра. Ј.С        

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа