16 Мај, 2024
0.0287

МАКЕДОНИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Првични сознанија за несреќата кај Карпалак која однесе во смрт 14 луѓе

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Maкедонија денеска и утре ќе тажи за загинатите животи по стравичната несреќа кај Карпалак. 14 луѓе настрадаа од кои седуммина на лице место. Официјално 37 лица биле хоспитализирани во болницата 8 Септември, 6 од тие 37 лица се починати токму во таа болница.

Фактите велат дека автобусот сообраќал на релација Скопје-Тетово. Кобното место е кај село Ласкарци. 

Додека јавноста шпекулира, причините не се знаат, истрагата ја води надлежен обвинител а што точно се случувало официјално не е објавено.

И денеска надлежните органи ќе утврдуваат која е причината поради која автобусот поминал директно на спротивната страна.

Соопштувајќи ги деталите доцна синоќа премиерот Заев кажа дека автобусот ја поминува директно спротивната страна, влегува дури и на регионалниот пат, паѓа на регионалниот пат и паѓа и понатаму после регионалниот пат во делот на удолнината.

За пофалба е брзата реакција на надлежните институции, и МВР и државните болници, но и сите приватни болници коишто промтно и безпоговорно веднаш ги испратија сите свои ресурси, кажа уште Заев.

Сведоците раскажуваат бројни сведоштва, од тоа што виделе до тоа како помогнале и спасиле нечиј живот. Ние праќаме сочувство до семејствата на загинатите за оваа неутешна вест и посакуваме никогаш повторно да не се случи овој 13 февруари кој ќе ги боли душите на оние кои останаа без своите најмили.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното